Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Економија

Рекордна потрошувачка на струја поради топлото време

Жешкото време ги вклучи климатизерите да работат турбо ден и ноќ. Поради…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жешкото време ги вклучи климатизерите да работат турбо ден и ноќ. Поради топлотниот бран кој никако не престанува, потрошувачката на струја руши рекорди. Само овој месец, Македонците потрошиле за над 4% повеќе струја отколку лани во јули. Од ЕВН пресметале дека вкупната потрошувачка во јули изнесувала 458.000 MWh, што се должи на високите температури. Пеколните горештини беа најсилни во втората и третата недела од месецов, па најголема потрошувачка е регистрирана на најтоплиот ден, 17-ти јули кога биле потрошени над 17 илјади мегаватчасови. Температурата тој ден достигнала 42 степени измерени на скопскиот аеродром. Зголемена потреба од струја имало и во јуни кога било многу потопло од просекот претходните години.

„Минатата година вкупната потрошувачка на ел. енергија, за месец јули изнесувала околу 440.000 MWh. Просечната дневна потрошувачка за тој период е 14.193 MWh. Разликата се јавува заради разликата на температурите во втората и третата недела од годинешниов јули, бидејќи во тој период температурите се далеку над просекот. Во месец јуни годинава потрошени се  околу 406.000 MWh. Најголема потрошувачка е регистрирана на 20.06.2024 (ден  четврток) и изнесува 15.385 MWh, кој е и еден од најтоплите денови овој период, со максимални 38°С, измерени на скопскиот Аеродром“ – велат од ЕВН.

Пред два дена, повеќе скопски населби немаа струја подолг период, бидејќи се санираа дефектите на двата 110 киловолтни далекуводи, кои се оштетија во силното невреме што го зафати главниот град пред неколку недели. Од ЕВН Македонија велат дека екипите на Електродистрибуција успешно го завршиле зафатот и порано од планираното, по што корисниците имаат стабилно снабдување со електрична енергија. Тврдат дека поголеми проблеми и испади во мрежата нема, само планирани прекини поради реконструкција на мрежата.

Реклама

„Електродистрибуција секогаш ги планира своите капацитети на потрошувачка според бројот на корисници кои со соодветни барања и документација за користење на електрична енергија се приклучени во дистрибутивната мрежа, со дополнително усогласување со планот за сезонската потрошувачка. За таа цел и се набавуваат и обезбедуваат потребните капацитети на електрична енергија и како резултат оваа компанија никогаш не се соочува со недостиг од електрична енергија“ – велат од ЕВН.

И на глобално ниво се достигнуваат рекордно високи температури. Европскиот сервис за климатски промени Коперник ги регистрирал 21-ви и 22-ри јули како најжешки денови ова лето. Екстремните тропски горештини особено се присутни во северната хемисфера. Научниците и метеоролозите очекуваат оваа година да биде рекордно најтопла во историјата на мерењата на температурата. Само за споредба, 2023-та беше карактеризирана како најжешка во последните сто години.