Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции на Македонија.

Сè почесто, раководителите на институциите ја преземаат улогата на судии, бескрупулозно прекршувајќи го законот и одлучувајќи според сопствената волја дали албанскиот јазик треба да се користи во службената комуникација, се вели во соопштението на ДУИ од денешната прес-конференцијана потрпетседателот на партијата Аријанит Хоџа.

Последната пријава за вакво постапување доаѓа од извори во Институтот за јавно здравје, од каде што дознаваме дека актуелната директорка, Марија Андоновска, им наредила на сите сектори службената комуникација да се одвива исклучиво на македонски јазик.

Реклама

Според информациите со кои располагаме, раководителите на секторите добиле инструкции преку телефонски пораки да ги известат вработените дека двојазичните документи повеќе нема да се прифаќаат и дека за валидни ќе се сметаат само документите на македонски јазик.

Со кое право директорка на државна институција си дозволува да прогласува за неважечки документи што го содржат албанскиот јазик? Кој ѝ дал надлежност да се поставува над законот?

Но, подеднакво загрижувачки како и овие постапки е молкот на претставниците на ВРЕДИ.

Претставниците на ВРЕДИ, освен што покажуваат неспособност да го заштитат албанскиот јазик, сега стануваат и глуви пред флагрантните прекршувања на законот.

Наместо да ги искористат правните и институционалните механизми за да обезбедат негова примена, тие го избраа молкот и рамнодушноста.

Каква смисла има нивното учество во Владата ако не се во состојба да обезбедат ниту почитување на закон што веќе е во сила?

Нивниот молк повеќе не претставува само политичка неспособност, туку прераснува во охрабрување за сите оние функционери што се осмелуваат да го прекршуваат законот.

И за иронијата да биде уште поголема, ваквите постапки, како случајот со Институтот за јавно здравје, се случуваат само неколку дена по објавувањето на најнегативниот извештај за Македонија од Советот на Европа, во кој, меѓу другото, експлицитно се посочуваат и проблемите со почитувањето на јазичните права.

Наместо овој извештај да послужи како аларм за Владата, сведоци сме на спротивното: функционери што се однесуваат како да стојат над законот и политички претставници што молчат пред нив.

Затоа, денес директно ѝ се обраќаме на Владата на Македонија: Внимателно и темелно преиспитајте ги постапките на вашите функционери, кои се осмелуваат да се поставуваат над законот!

Бараме конкретна одговорност за непочитувањето на Законот за употреба на јазиците. И конечно, време е Инспекторатот за употреба на јазиците да излезе од своето засолниште на срамот и да почне да ја извршува должноста за која е основан!

Инспекторатот мора веднаш да спроведе институционален надзор и да преземе соодветни правни мерки против сите оние што го прекршуваат важечкиот закон, без оглед на функцијата или политичката припадност.

Законот за употреба на јазиците не е прашање на желба, ниту предмет на политичко пазарење. Тој претставува обврска што мора да ја почитуваат сите.

Никој нема мандат да се поставува над законот и никој нема право да го прогласува албанскиот јазик за неважечки во институциите на оваа држава.