Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

ССНМ: Заканите со „надзор“ врз новинарки се недозволив обид за заплашување

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници најостро реагира на пораката што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници најостро реагира на пораката што преку социјалните мрежи, Петар Богојески ѝ ја упати на новинарката Теодора Цветковска, авторка и водителка на емисијата „Фала многу, пријатно“, дека ќе биде ставена под надзор.

Претходно, Богојески јавно изнесе став дека на жените им е потребен надзор од маж, Цветковска го критикуваше ваквиот став, а во најавата за својата емисија порача дека е жена без надзор. Наместо аргументиран одговор на критиката, следуваше порака во која се најавува дека таа ќе биде ставена под надзор.

Ова не е обична размена на политички несогласувања. Кога новинарка ќе биде изложена на ваква порака непосредно по јавна критика на сексистички став, тоа претставува сериозен обид за заплашување и притисок врз нејзината слобода на изразување и професионална работа.

Реклама

ССНМ потсетува дека новинарите имаат право да ги критикуваат јавните личности, нивните ставови и нивните постапки. Политичарите и јавните актери мора да ја прифатат критиката како составен дел од демократското општество, наместо да испраќаат пораки што сугерираат надзор и контрола врз оние што ги критикуваат.

Дополнително загрижува фактот што ваквиот однос е насочен кон жена која го оспорува токму ставот дека жените треба да бидат под машка контрола.

Жените не се ничија сопственост, новинарките не се ничии поданици, а политичката критика не е основа за заплашување.

ССНМ бара јавно да се осуди ваквиот начин на комуникација, надлежните да поведат постапка, а од одговорните во Министерството за одбрана да преиспитаат дали научно наставен кадар со вакви конзервативни ставови смее да им предава на студенти на единствената воена академија во земјава, на која се школуваат и питомци од Црна Гора и од Република Турција, додека МО промовира еднаков пристап до униформа и чинови, и цивилни лица без оглед на пол или род.