Реклама

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Македонија

Реконструкција на улица „30“ во населба Илинден

Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта Општина Илинден работи на комплетна реконструкција на улица „30“ во населба Илинден, во местото викано Плац.

Како што посочуваат од општината, станува збор за улица во должина од 600 метри и широчина од 4 метри на асфалтната конструкција со што ќе се изврши комплетна реконструкција на улицата.

Според градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој денес направи увид во текот на активностите на терен, реконструкцијата на оваа улица беше неопходна поради оштетувањата на улицата кои се направија при изградбата на примарната мрежа од фекална канализација на овој дел од населеното место Илинден. Градоначалникот додаде дека на подобрувањето на патната и комуналната инфраструктура во општина Илинден се посветува големо внимание, од причина што е важен сегмент за квалитетот на живот на жителите.

Реклама

Финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден, а во наредниот период, според најавите од локалната самоуправа, ќе се продолжи со подобрување на патната инфраструктура и во другите делови на територија на општина Илинден.