Реклама

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Македонија

Промовирана поштенска марка издадена по повод 75 години од основањето на Сојузот на филателистите на Македонија 

Во Скопје денеска беше промовирана поштенска марка, издадена по повод 75 години…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Скопје денеска беше промовирана поштенска марка, издадена по повод 75 години од основањето на Сојузот на филателистите на Македонија (СФМ). Настанот беше во организација на АД Пошта на Македонија и Сојузот на филателистите на Македонија.

Обраќање пред присутните имаше Синиша Павлески, претседател на Сојузот, чие дело е логото на СФМ, што е на поштенската марка што денеска беше промовирана.

– Чест ми е што денес стојам пред вас, во овој наш, да го наречам така, храм на поштенските марки – Сојузот на филателисти. Сојузот со гордост ја негува својата традиција уште од далечната 1950 година. Тоа е импозантен јубилеј, повеќе од седум децении посветеност на едно од најубавите и наједукативните хобија филателијата, рече Павлески.

Реклама

Овој Сојуз, нагласи Павлески, создаден во години полни со ентузијазам и желба за културно истражување, стана водилка за сите оние кои во малите, запчести парчиња хартија гледаат многу повеќе од средство за плаќање поштарина. 

– Вие, почитувани филателисти и членови, сте чувари на историјата, уметноста, географијата спортот и културата на нашата земја, но и на светот. Секоја марка е прозорец кон минатото и сегашноста, кон големите личности, значајните настани и природните убавини. Посебна почит заслужуваат оние меѓу нас, филателисти учесници на филателистичките изложби, кои со своите извонредни колекции го претставуваат нашиот Сојуз и нашата земја на меѓународните филателистички изложби. Со тоа ние сме вистински културни амбасадори, подвлече Павлески.

Тој рече дека, да се добие признание на светска изложба е кулминација на долгогодишна работа, истражување и страст. 

– Нашето учество не е само личен успех, туку и потврда за високиот квалитет и сериозноста на македонската филателија. Ние ја креваме свеста за нашето хоби и ја впишуваме нашата земја на светската филателистичка карта, додаде тој.

Павлески рече дека нивните ангажмани бараат огромно знаење, темелност и посветеност. 

– Со секоја освоена награда, со секој нов контакт, ние ги прошируваме хоризонтите на овој Сојуз и ги инспирираме помладите генерации да тргнат по нашите стапки. Нека ова наше дружење биде повод да ја обновиме нашата заложба за унапредување на филателијата, за едукација на младите и за поддршка на нашите претставници на меѓународната сцена, истакна Павлески.

Претседателот на СФМ посака многу успеси во иднина, нови вредни примероци во колекциите, како и многу освоени медали на светските изложби.

Генералниот директор на АД Пошта, Орхан Куртиши рече дека се обраќа во име на вработените и членовите на Управниот одбор.

– Поштенските марки претставуваат уметнички дела од што може да се научат важни и интересни нешта за земјата од која потекнуваат. Така што, токму од овие мали уметнички дела учиме за јубилеи, настани, историски личности, но, исто така и за спортски случувања и натпревари. Затоа, не е премногу ако кажам дека тие се амбасадори на земјата, наши претставници во светот, додаде тој.

Бирото за филателија на Пошта низ годините, како што истакна, има издадено голем број поштенски марки, потсетувајќи на јубилеите.

– Тоа се марки што се дел од колекциите на нашите филателисти, но и од филателистите од светот кои гордо го претставуваат културното и историското наследство на нашата земја. Тому затоа, денес чувствувам особено задоволство што имам можност да ви ја претставам поштенската марка посветена на 75 години од основањето на Сојузот на филателисти на Македонија, издадена од Бирото за филателија на Пошта на Македонија. Автор на марката е Синиша Павлески, издадена е во тираж од 6.000 примероци, а нејзината номинална вредност е 36 ден, појасни Куртиши.

Тој го честиташе јубилејот и изрази надеж дека оваа марка ќе го најде своето место во албумите на присутните, како и во албумите на филателистите ширум светот.