Реклама

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Македонија

Промоција на апликација за мапирање на пристапност на институциите 

Фондацијата „Импакт нет“ денеска во Велес ќе ја промовира апликацијата за мапирање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фондацијата „Импакт нет“ денеска во Велес ќе ја промовира апликацијата за мапирање на пристапност на институциите  за лица со попреченост, родители / старатели со детски колички, лица кои користат помагала при движење и за лица со оштетен слух и вид. Апликацијата е дел од проектот Digital Green Access. 

-Младите мапираат за инклузивна демократија. Проектот одговара на долготрајниот проблем со непристапноста на јавните институции поради физички бариера за лица со физичка попреченост, родители и старатели со детски колички, за лица кои користат помагала за движење и за лица со оштетен слух и вид. Проектот го креиравме со цел зајакнување на граѓанскиот простор преку обезбедување дигитални алатки за инклузивна демократија во институциите чија пристапност и физички бариери не треба да исклучуваат никого и треба да обезбедат трансформација на пристапноста на институциите од скриен инфраструктурен проблем во видлив демократски приоритет, зашто пристапноста и достапноста на институциите не е привилегија туку основно човеково право, соопшти Фондацијата „Импакт нет“ . 

На промоцијата ќе биде промовиран модулот Open Doors 4 ALL на мобилната апликација Green Map, а млади ќе упатат пораки до институциите за промена на состојбата и дигитална инклузија. 

Реклама

-Воедно базата на податоци за пристапност на институциите продолжува да се дополнува. Институциите имаат можност и за себепроценка преку прашалник кој е објавен на линкот  https://forms.gle/6kFz3Qgqjj2U7NC69, информира фондацијата.