Нова политичка релност во Унгарија – но без промена на курсот кон Македонија, ова се очекувањата на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по победата на Петар Магер на изборите во Унгарија.
Мицкоски упати честитка до новоизбраниот унгарски премиер, вели дека од новата влада во Будимпешта очекува проевропска политика, стабилни односи и поддршка за регионот на патот кон ЕУ.
„Најпрвин би сакал да му честитам на Петар Маѓар. Ние имавме исклучително блиска и непосредна соработка со претходниот претседател на Владата во Унгарија, господинот Орбан, но волјата на граѓаните во Унгарија е јасна и недвосмислена и на тој начин господинот Петар Маѓар ја доби поддршката од унгарските граѓани. Политиките кои што тој вод, ќе ги води очекувам да бидат проевропски, проинтегративни и очекувам бескомпромисна поддршка за интеграцијата на регионот, вклучително и нашата држава во рамките на Европската Унија.“

Мицкоски вели дека не очекува промена во односите меѓу двете земји. А промени вели нема да има ниту со унгарската инвестиција со мобилниот оператот 4АЈЏИ, ниту пак со унгарскиот кредит кој македонската банка го зема од ЕКСИМ банката.
Компанијата „4Ајџи, вели Мицкоски – веќе уплатила девет милиони евра и го обезбедила правото да стане трет мобилен оператор. А за кредиот како што вели договорот е со банката, а не влада меѓу влада, и затоа договорот мора да се почитува.
Прво тоа е договор и еднострано промени се невозможни. Второ, кредитот е со Ексим банката, а не со Владата. Мислам тоа се се процедури што помина. Не е Влада со Влада, туку Влада со Ексим банка . Различно е Влада со Влада и Влада со Ексим банка. Жалам што одредени процедури не се следат правилно во Македонското собрание. Тогаш немаше потреба од ова прашање. Второ, јас не очекувам апсолутно никакви промени, бидејќи договор е договор и договор треба да се почитува, исто како што и ние почитуваме многу договори кои што се направени во минатото, кои што можеби не ни се допаѓаат, но тоа е што е.
А за што ќе се случува со екс претседатерлот на Владата , и што следува за него заради промената на власта во Унгарија, Мицкоски вели тоа е работа на Унгарија, а доколку истиот биде вратен во Македонија, тој ќе биде споведен на отслужување на казната, бидејќи како што вели Мицкоски , законите и правилата во Македонија важат за сите.
