Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Балкан

Падна Владата на Бугарија: Премиерот Росен Жељасков поднесе оставка по големите протести синоќа

Падна Владата на Бугарија. Бугарскиот премиер Росен Жељасков го послуша барањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Падна Владата на Бугарија. Бугарскиот премиер Росен Жељасков го послуша барањето на повеќе од 150.000 илјади Бугари, кои излегоа на улците и со ласери кон зградата на бугарскиот Парламент,  порачаа „мафијата надвор“, „оставка“, „за фер избори“. И не само во Софија и во дестина други  градови се бараше оставки од актуелната владина гарнитура. Ден по големите протести Жељасков кажа дека го слушнале гласот на граѓаните и поденсуваат оставка, бидејќи кренале младите, старите, луѓе од различни етнички припадности.

-Протестот беше против ароганцијата и суетата, против начинот на кој се практикуваат демократските вредности. Затоа Владата поднесе оставка, порача Жељасков.

Големите протести кај источниот сосед дојдоа откако бугарската Владата го повлече својот буџетски план за 2026-та година, првиот што е составен во евра, поради влегувањето на Бугарија во еврозоната од први јануари следната година. 

Реклама

-Не може Пеевски да е на власт, јас да трпам, не можам. И многу други луѓе не можат и нема, просто нема.

-36 години Бугарите сакаат демократија и некаква промена, тоа што се случува е една промена, се случува.

-Тука сме со барања за да се чувствуваме слободни, да живееме слободно во нашата родна држава.

И претседателот на Бугарија, Румен Радев, порача дека Бугарите јасно кажале која е нивното барање.

-Народот го претрка парламентот и вечерва гласаше недоверба на владиниот кабинет. Незапаметен број Бугари од сите возрасти и партии го сторија тоа на плоштадите во Софија, Пловдив, Варна, Бургас… низ цела Бугарија и Европа. Протестот роди широк народен консензус против мафијата, што е поважно од сите разлики, од сите обиди за присвојување на надежта, порача Радев.

Опозициските партии и други групи претходно порачаа дека протестираат против плановите за зголемување на придонесите за социјално осигурување и даноците на дивиденти, кои беа воведени за финансирање на повисоките државни трошоци.

Матеја Петровски