Реклама

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Свет

Орбан: 21-от век ќе биде век на понижување на Европа

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан во годишното обраќање до нацијата истакна дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан во годишното обраќање до нацијата истакна дека Европа  првпат од пронаоѓањето на парната машина е надвор од големите светски промени и оти 21-от век ќе биде „век на понижување на Европа“.

Тој синоќа потенцира дека тоа што минатата години го тврдел сега се остварило. Орбан во минатогодишниот говор наведе дека унгарската влада, како сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе биде на „главната улица на историјата“ додека политичките противници „ќе скитаат по споредните улици“.

Според него Трамп повел револуција против либералните елити, а Унгарија се придружила.

Реклама

– Морам да признаам дека завршивме само половина од работата: репресивната машинерија на Брисел сè уште работи во Унгарија и ние ќе ја исчистиме по априлските избори. Маскирани во организации на граѓанското општество, купени новинари, судии, политичари, алгоритми, бирократи, вртат милиони евра, тоа денес е Брисел во Унгарија – истакна Орбан.

Тој посочи дека треба да се цени пријателството на САД бидејќи Вашингтон ја разоткрива цензурата на Европска Комисија. Орбан се повика на американски извештај во кој се наведува дека Европска комисија наводно вршеле притисок врз социјалните мрежи да цензурираат содржини, вклучително и за време на изборите во Романија и во Молдавија.

Орбан наведе и дека „Европа одлучила да тргне во војна до 2030 година“.

– Ова ќе бидат последни избори (во Унгарија) пред војната. Брисел одлучи да ги порази Русите во Украина, а надвор од Унгарија, војна се подготвува низ цела Европа – посочи унгарскиот премиер.

Тој во говорот се осврна и на Украина, потенцирајќи дека Будимпешта нема да испрати ниту пари ниту оружје за Киев.

– Европа се вооружува и испраќа упатства до своето население што да прави во случај на војна, додека на Украина ѝ испраќа големи суми пари во форма на заеми. Украина само голта пари. Никој не може да одговори на прашањето како да се победи нуклеарна сила без да се користи нејзиното нуклеарно оружје – истакна Орбан.