Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Свет

Европа на удар на силно невреме: Оркански ветрови и обилни дождови носат ризик од поплави

Додека Централна и Источна Европа ги бројат штетите од протестите, северозападниот дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека Централна и Источна Европа ги бројат штетите од протестите, северозападниот дел од континентот има поголем проблем – удар на моќен циклон што се формираше над Атлантикот.

Ударите на ветерот достигнуваат брзина и до 130 км/ч, летовите се откажани, а железничкиот и фериботскиот сообраќај се целосно прекинати. Северозападна Европа се најде директно на патот на моќен циклон наречен „Боел“ – вториот официјално именуван бурен систем во оваа сезона. Бурата, која пристигна веднаш по системот „Остин“, донесе ветрови со ураганска јачина, поројни дождови и разорни бранови, парализирајќи делови од Велика Британија, крајбрежјето на Северното Море и соседните земји. Метеоролошките служби издадоа портокалови и жолти предупредувања за временските услови, со итен апел до граѓаните да не излегуваат надвор, освен ако тоа не е апсолутно неопходно. Најкритична е состојбата во Шкотска, Северна Ирска и Северна Англија, каде што се забележани удари на ветерот со брзина од 110 до дури 130 километри на час. Поради овие ветрови со ураганска јачина, властите предупредуваат на опасност од летечки предмети, кршење гранки и паѓање ќерамиди од покривите – што претставува директна закана за јавната безбедност.