Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Економија

Петкоска: Македонија бележи раст од 40% на авионски пристигнувања во првиот квартал

Лидија Петкоска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница истакна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидија Петкоска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница истакна дека податоците од ДЗС покажуваат дека 2024 година споредено со 2023 година, вкупниот број на туристи пораснал за 8%, потенцирајќи дека претставува значаен сигнал за потенцијалот на секторот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Токму затоа кога говориме за вториот ребаланс не треба да го гледаме туризмот изолирано од останатите сектори, бидејќи подобрата патна инфраструктура значи полесен пристап до туристичките центри, подобрата железничка поврзаност значи нови можности за движење на туристите. Инвестициите во животната средина значат почиста природа и позачувано културно наследство. Поддршката за малите бизниси значи нови сместувачки капацитети, нови локални ресторани, туристички водичи и семејни компании. А кога една општина има добар туристички производ, придобивките се чувствуваат и во продавниците, рестораните, такси превозот, занаетчиството, земјоделството и кај сите што продаваат домашни производи. Ова е особено важно за Охрид, но и за Струга, Преспа, Маврово, Крушево, Берово, Дојран и сите други места што имаат потенцијал да го развиваат туризмот. Ако сакаме да го искористиме тој потенцијал, мораме да инвестираме паметно, да ги мериме резултатите и да ја поврземе државната политика со потребите на туристичкиот сектор“, изјави Петкоска.

Петкоска додаде дека според податоците на Светска банка, во 2026 година Македонија се издвојува како една од најуспешните економии со низок и среден доход во Европа и централна Азија со раст од 40% на авионските пристигнувања во првиот квартал од 2026 година споредено со истиот период претходната година.

Реклама

„Во овој поглед освен инфраструктурата треба да бидеме горди што имаме охрабрувачки резултати во развојот на авиосообраќајот и туризмот. Светската банка во својот извештај 

Tourism Watch од јуни 2026 година ја издвои Македонија како една од најуспешните економии со низок и среден доход во Европа и централна Азија со раст од 40% на авионските пристигнувања во првиот квартал од 2026 година споредено со истиот период претходната година. Во истиот период туристичките пристигнувања пораснале за 6,9%. Овој тренд е потврден и со податоците на уште едно истражување на кое вели дека во првите пет месеци од 2026 година аеродромите во Скопје и Охрид забележале раст од 31,2% на патничкиот сообраќај со вкупно над 1,58 милиони патници. Во првата половина од годината Македонија беше лидер меѓу земјите надвор од Европската Унија. Во категоријата на пазари опфатени со нивната анализа со раст од 27,9%“, изјави Петковска и додаде:

„Овие бројки значат подобра поврзаност со Европа, поголема достапност на нашите туристички дестинации, нови можности за хотелите, рестораните, семејните бизниси и локалните производители. А токму преку инвестициите во инфраструктурата, отварањето нови авиолинии и поддршка за туристичката понуда, економскиот раст се претвара во можност за граѓаните. Тоа е развој што се мери, а не само се ветува“.