По 14 години Србија влегува во нова политичка ера. По историската изборна победа, за студентското движење допрва доаѓа најтешкиот испит – претворањето на протестниот гнев во власт и конкретни промени. И поркај мнозинсво од околу 140 пратеници, нема никакви индиции кој би бил следниот премиер што ќе ја води Србија. Александар Вучиќ со освоени 103 пратеници го призна поразот, а политичката сцена што со години ја контролираше неговиот блок сега се соочува со сериозно престројување.
По еуфоријата доаѓа отрезнувањето.
„Студенската листа“ со силна изборна поддшка зад себе и различни профили на луѓе има многу отворени прашања пред себе за составот на новата влада, изборот на премиерот и на кој начин ќе ги спроведува најавените реформи.
Можниот иден српски премиер, кардиолог и професор од Нови Пазар – Илија Срдановиќ тврди дека од граѓаните дознале што им недостасува и тоа го вградиле во предизборната платформа. Гласачите верувале дека таквата програма може да биде реалност во Србија.
- „Замислете само колку е дефинитивен овој исход, сега кога човекот кој цела деценија и пол – па и подолго – фрлаше темна сенка врз историјата на Србија, сосема заслужено заврши на ’ѓубриштето на историјата‘. Но, да не се задржуваме на тоа. Ние ќе изградиме подобра Србија, за доброто на нашите граѓани и за подобрување на меѓудржавните односи. Ви благодарам на сите“, изјави Срдановиќ.
Југословенската кошаркарска леганда и претседател на Евролигата Дејан Бодирога е исто така еден од најистакнатите членови на „Студенската листа“, во која има и познати лекари, специјалисти, професори, спортисти од кои дел би биле идниот владин кабинет на Србија, а останатите 140 пратеници во Народното собрание.
По 14 години на власт, Вучиќ го призна поразот многу порано пред официјално да се избројат гласовите. „Српска напредна партија“ освои 103 пратенички мандати со што тие ќе бидат единствената опозиција во Собранието.
Изборниот пораз според Вучиќ власт бил од „револуција спроведена дирекно од различни европски земји и длабоката американска држава“, а победниците на изборите ги нарече „изведувачи на туѓите валкани работи“.
- „Некои луѓе ќе нè напуштат, но нашата структура е многу солидна. Ние сме многу уникатни, многу сме силни. Учевме од опозицијата: повеќето од нас поминаа повеќе време во опозиција отколку на власт. И за тоа, нема да го признаеме тоа, па ќе објавам различни резултати? Како што можете да видите, за да не се нервирате, за да не чекате, ви кажувам однапред: и така е“ рече тој.
Многу од екпертите оценуваат дека Вучиќ сакал да ги намести изборите, но разликата од половина милион гласови не му оставила простор за манипулации.
На гласање излегоа рекордни 69,1 процент од избирачите, без гласовите од дијаспората. Изборниот ден беше проследен со повеќе инциденти и физички пресметки во различни делови од земјата. Откако Вучиќ го призна поразот реки народ почнаа да се слеваат по улиците на центарот на Белград, а полицијата не интервенираше дури и кога ги минуваа барикадите.
Инаку, изборите беа распишани по повеќемесечните антивладини протести, поттикнати од трагедијата во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, кога при уривање на настрешницата на железничката станица загинаа 16 лица. Студентските и граѓанските протести прераснаа во широко движење кое бараше одговорност за трагедијата, борба против корупцијата и промени во управувањето со државата, а на изборите настапија како „Студенска листа“.

