Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Свет

Протестите се шират низ Европа: Илјадници луѓе протестираа во Прага против реформата на чешките медиуми

По бурниот и насилен викенд во Франција и Албанија, протестите продолжија да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По бурниот и насилен викенд во Франција и Албанија, протестите продолжија да се шират како шумски пожар низ Европа. Најновата метропола чии улици се преплавија со гневен народ беше Прага.

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Прага барајќи слобода на медиумите и протестирајќи против планот на владата за реструктуирање на финансирањето на чешката јавна телевизија. Протестите во центарот на Прага, кои за разлика од тие во Париз и Тирана беа мирни, беа организирани од граѓанската иницијатива „Милион моменти за демократија“, а демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Запрете ја владината ароганција и деструкција“ и „Не сакаме назад цензура“. Десничарската, популистичка влада на премиерот Андреј Бабиш сака да ја укине телевизиската такса и наместо тоа да ги финансира јавната телевизија и радиото од државниот буџет. Предложената реформа би вклучувала и намалување на финансирањето за повеќе од 15 проценти, што ги поттикна стравувањата за независноста на јавните радиодифузери во земјата. Законот го помина првото читање во Претставничкиот дом, долниот дом на парламентот, за време на необична ноќна седница. Чешкиот претседател Петр Павел го критикуваше брзањето на владата да го протурка законот, предупредувајќи дека процесот фрла сомнеж врз нејзините намери.