Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Нови четири услуги од ФЗО отсега достапни на интернет

Дали сте пријавени или одјавени од здравствено осигурување, дали сте осигурени и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали сте пријавени или одјавени од здравствено осигурување, дали сте осигурени и дали ви е платен придонесот, како и потврда за исплатен надоместок за време на боледување – сите овие документи преку “е-услуги” стануваат достапни со еден клик. За фирмите, за првпат, овозможено е целосно дигитално издавање потврда за платен здравствен придонес – достапно во секое време и од било кое место.Електронските сервиси во државата добиваат ново засилување – без редици, без чекање и без одење по шалтери. Со овие новини, се намалува административниот товар, се заштедува време и државните сервиси стануваат поблиску до граѓаните.

„Овие услуги се само почеток на системска дигитална трансформација и во овој сектор, а не на изолирани технички решенија. Особено сакам да истакнам дека корисниците на порталот на Фондот за здравствено осигурување автоматски се воведуваат и во системот за единствена најава на национално ниво, а со тоа граѓаните добиваат можност со еден кориснички профил, непречено да се движат и да користат услуги на различни институционални портали без повторно најавување и без дополнителни административни бариери“,рече министерот Стефан Андоновски.

Од ФЗОМ велат – ова значи помалку хартија, помалку администрација и повеќе заштедено време за сите.Според директорот Клековски, Фондот веќе се вмрежил со УЈП, со Управата за водење матични книги и со Мој Термин, за граѓаните полесно да доаѓаат до услуги. Се работи и на националното електронско сандаче кое ќе помогне граѓаните да добиваат известувања наместо во хартија, електронски поради поплаки дека хартиените известувања се губат и доцнат.

Реклама

“Во најголем дел ин-витрото е дигитализирано во поглед на доставувањето на ваучерите, зашто хартиените се губеа во доставата. Наскоро ќе се дигитализира и поднесувањето на барањата за ин-витро и нема да има потреба да се доаѓа во ФЗОМ. За е-рецептот на пролет имаме рок системот да е активен и да ја олесни работата на аптеките и на матичните лекари. Сакаме да направиме геомапирање на сите јавни и приватни здравствени установи со кои ФЗОМ има договор и на сите доктори што имаат факсимил со ФЗОМ како и сите здравствени услуги за кои одредена здравствена установа има договор со Фондот”, рече Клековски.

Дека елекстронските услуги се користат се’ повеќе докажуваат и бројките. Во 2024 година порталот е- услуги имал околу 120 илјади корисници, а денес бројот е над 240 илјади, додека бројот на достапни услуги е зголемен за 120 проценти.

Според министерот за дигитална трансформација, граѓаните сè повеќе се одлучуваат за електронски наместо за хартиени постапки, со цел да избегнат редици и чекање. Тој посочи дека изводите од родени, венчани и починати, како и потврдата за слободна брачна состојба, се целосно достапни онлајн.