Реклама

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Прилози

Нов бран странски инвестиции во Македонија-Нови капацитети за нови работни места

Американски “Алкараз”, турски “Казанџи холдинг”, француски “Акуо” се само дел од странските…

Сподели:

Американски “Алкараз”, турски “Казанџи холдинг”, француски “Акуо” се само дел од странските компании кои ќе инвестираат во државата.  Бран странски инвестиции се најавуваат и за истокот. Во моментот со италијанска компанија течат преговори, за отварање на капацитет за производство на монтажи базени во  Штип, со што ќе се отворат нови 50работни места. Од утре пак со работа во штипската ТИР зона, ќе стартува и производниот капацитет на фабриката „Магна”. Канадска инвестиција  за производство на електронски компоненти, наменети за автомобилската индустрија.

„Ќе отпочне со работа производниот капацитет на фабриката „Магна„. Странски инвеститор во Штип со нови 500-600 вработени , добро платени и инвестицијата мислам дека беше од 45-50милиони евра„ изјави вчера премиерот, Христијан Мицкоски.

Растот на странските инвестиции, директно влијаат врз стандардот на граѓаните и ја зајакнуваат економската стабилност на државата. Вчера,премиерот посочи дека во моментот во процес на преговори и разговори се со петнаесеттина странски инвеститори..

Реклама

   „Повторно се зацврстуваме во регионот како дестинација за странски инвестиции, дестинација која ќе генерира и апсорбира најмногу странски инвестиции по глава на жител. Тоа е нашата цел. 2024 тоа го реализиравме, имаме слична цел и за 2025„ изјави вчера премиерот, Христијан Мицкоски.

Последните анализи на Народната банка, покажуваат дека вкупните директни странски инвестиции во земјата, минатата година достигнаа 1.25 милјарди евра. Растот во последниот, четврт квартал лани е 400милиони евра. Според властите, ова е највисок износ на странски инвестиции во историјата на државата и споредбено со 2023, зголемени се повеќе од двојно. 

Александра Ристевска