Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Економија

НФФ: Надлежните да го следат откупот на грозје за да нема манипулации

Лозарите задоволни откако добија историски највисока цена за грозјето. Производната цена која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лозарите задоволни откако добија историски највисока цена за грозјето. Производната цена која ја утврди Институтот за земјоделство за двете најзастапени сорти, согласно Законот за вино, е зголемена за 25%. Од Националната федерација на фармери велат дека конечно системскиот пристап дал резултат и ги повикаа инспекторите да излезат на терен за да спречат евентуални манипулации со шекерните единици од страна на откупувачите. Побараа и од винарниците да ги почитуваат договорените цени.

„Бараме од винариите и откупувачите да го исплаќаат износот за откупено винско грозје во целост во рок од седум дена и да не ја намалуваат откупната цена за 8%, бидејќи ова не одговара на ниту едни пазарни, демократски и европски правила, принципи и услови со кои се регулира откупот, туку на ваков начин само се овозможува намалување на цената на откуп на винско грозје и се демотивираат лозарите да произведуваат грозје и ги напуштаат лозовите насади“ – велат од Националната федерација на фармери.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека целиот процес на откуп ќе го следи земјоделскиот инспекторат кој ќе распореди инспектори на секој откуп за да го следат процесот. Дополнително биле издвоени повеќе пари за земјоделството.

Реклама

„Дополнително со ребалансот се издвоија 1 милијарда 250 милиони денари за исплата на заостанати долгови кон земјоделците кои минатата Влада не ги исплатила. И 350 милиони денари за АД Водостопанство и Национални шуми каде со месеци претходно не се исплаќало плата“ – вели Мицкоски.

Според министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, сите заинтресирани страни биле задоволни од постигнастите цени. Тој вели дека Македонија мора повторно да стане препознатлив бренд за вино. Вети дека за новата Влада земјоделството ќе биде приоритет и целта е да имаме што е можно повече задоволни лозари.

„ Нема да дозволиме како во минатото да секоја година по 500-600 земјоделци од Тиквешијата едноставно ги нема во Регистарот на земјоделски производители. Тоа е сериозен пад. Ние мораме да ја враќаме Македонија и во квантитет и во квалитет. Ние сме познат бренд во светот за македонско вино. За жал со вакви количини на производство на грозје ние ќе имаме сериозна намалена количина која што ќе значи извоз, а од друга страна па и помал девизен прилив на државата“ – вели Трипуновски.

Вранецот ќе се продава за 20,8 денари по килограм, додека производната цена на Смедеревка ќе биде 18,3 денари. За споредба, лани килограм Смедеревка се откупувал по цена од 15 денари, што е помалку за 3,3 денари, а килограм Вранец се откупувал по цена од 18 денари, што е помалку за 2,8 денари споредено со сега договорените цени..