Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Економија

Народната банка со конкретни чекори за намалување и поедноставување на надоместоците за извршување на плаќањата во земјата и во СЕПА

Во рамките на активностите за модернизација на платниот систем и за поттикнување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на активностите за модернизација на платниот систем и за поттикнување на електронските плаќања, Советот на Народната банка на денешната седница донесе одлука за целосно нов модел за тарифирање на банките за извршување и порамнување на плаќањата во Македонскиот интербанкарски платен систем. Моделот се заснова на принципите и практиките на централните банки во евросистемот за фиксни и предвидливи надоместоци според обемот на трансакциите, со што се создава простор за поедноставување и намалување на надоместоците што банките ги наплаќаат од клиентите за извршување на електронските плаќања преку платните системи во земјата.

Воедно, Советот на Народната банка воведе тарифа за плаќањата на државните органи во евра со земјите од СЕПА во фиксен износ од 3 евра по трансакција за електронски иницираните налози и 5 евра за налозите иницирани на хартија. Ниските и фиксни надоместоци по трансакција, во споредба со варијабилните надоместоци во зависност од износот на трансакцијата коишто ги налагаат сложените кореспондентски аранжмани со странските банки, ќе доведат до значителна заштеда за државата при извршувањето на плаќањата на државните органи со европските земји.

Одлуката се носи во контекст на приклучувањето на нашата земја кон СЕПА и фазата на усогласување со европските стандарди којашто е во тек, а со која се создава основа за пошироко намалување на трошоците за прекуграничните плаќања во евра, како од страна на Народната банка за државните органи, така и од страна на банките за своите клиенти.

Реклама

Народната банка и натаму активно ќе работи на поедноставувањето и намалувањето на трошоците за плаќањата во земјава и кон земјите од СЕПА со крајна цел ‒ подобра услуга за граѓаните и поволна деловна средина за компаниите.

На истата седница Советот на Народната банка го усвои и Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2025 година. Во услови на стабилен раст на економската активност, благо забрзана инфлација и зголемена неизвесност од надворешното окружување, банкарскиот сектор ja задржа стабилноста. Кредитната и депозитната активност бележат солиден годишен раст, а показателите за солвентноста, ликвидноста и квалитетот на кредитното портфолио и натаму се поволни. Растот на добивката на банкарскиот систем забавува во однос на истиот период лани, главно поради намалените каматни приходи. Народната банка и натаму ќе биде претпазлива во политиките, имајќи ги предвид светските ризици и ќе биде посветена на одржувањето на стабилноста на банкарскиот систем.

Советот на Народната банка ја усвои и Одлуката за воведување нов систем за прибирање и доставување податоци од банките и штедилниците. Новиот систем ИСИДОРА ќе овозможи пообемни и поквалитетни податоци за монетарната статистика, супервизијата и финансиската стабилност, усогласени со европските и меѓународните стандарди. Со фазна примена, системот ќе ја замени досегашната практика и ќе придонесе за поефикасно, пофлексибилно и поедноставно известување.