Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Економија

Народна банка: Нови мерки за поттикнување на штедењето во денари

Советот на Народната банка ја донесе Одлуката за изменување и дополнување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на Народната банка ја донесе Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за задолжителната резерва, со која дополнително се зајакнува улогата на овој инструмент во поттикнување на штедењето во домашна валута и на подолги рокови. Воедно, овие промени претставуваат и дополнителна поддршка на монетарната политика на централната банка.

Како што информира Банката, со измените и дополнувањата на Одлуката за задолжителна резерва се зголемува стапката на задолжителната резерва на девизните обврски со рочност до две години од 21% на 22%, додека за девизните обврски со рочност над две години банките ќе имаат обврска да издвојуваат задолжителна резерва по двојно повисока стапка, од досегашната 5% на 10%. Истовремено се зголемува и процентот на исполнување на пресметаната обврска за задолжителната резерва врз основа на девизните обврски којашто се исполнува во евра, од 85% на 90%. 

Стапката на издвојување на задолжителната резерва на обврските во домашна валута е зголемена од 8% на 9%. Со цел поддршка на  долгорочното денарско штедење и натамошно зголемување на стабилноста на депозитната база на банките, промените предвидуваат и нормализирање на стапката на задолжителната резерва којашто се применува на денарските депозити на физичките лица со рочност над една до две години, од тековната стапка од 0% на 9%.

Реклама

Најголемиот дел од мерките ќе се применуваат од периодот на задолжителната резерва којшто започнува во ноември 2025 година, освен кај нормализацијата на стапката на задолжителната резерва на денарските обврски со рочност над една до две години, за која е предвидена одложена примена од околу 14 месеци и можност банките соодветно да ги приспособат своите практики во овој период.

Се очекува промените во системот за задолжителната резерва да придонесат за приспособување на каматните политики на банките заради зголемување на понудата на попривлечни долгорочни денарски инструменти за штедење на клиентите. Со тоа, дополнително ќе се зајакнат тековните поволни поместувања во депозитната база на банките, коишто водат кон зголемување на структурното учество на штедењето во денари и на подолг рок.