Реклама

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Македонија

МВР заедно со РСБСП ја стартуваа зимската кампања „Вози безбедно – стигни сигурно“

Министерството за внатрешни работи заедно со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи заедно со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја започнаа зимската кампања под мотото „Вози безбедно – стигни сигурно“, со превентивно-едукативна активност на наплатна станица „Петровец“, спроведена заеднички со полициски службеници од Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност и полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Во пресрет на зимските услови, како што соопшти МВР, кампањата има за цел да ги да потсети возачите дека од 15 ноември до 15 март задолжително е поседување на пропишана зимска опрема, како и да ги едуцира возачите за правилно користење на истата.

-Под пропишана зимска опрема за моторни возила до 3.500 кг се подразбира зимски пневматици со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина од 4 мм на сите четири тркала или летни пневматици со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина од 4 мм на нагазен слој по ширина и должина и синџири за снег за погонските тркала. За возила со моторен погон на сите четири тркала (4×4) зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина од 6 мм или летни пневматици со минимална длабочина на шарите на слојот што гази по обем и широчина од 4 мм и синџири за снег, велат од МВР.

Реклама

Зимските услови носат повисок степен на ризик: лизгави коловози поради снег, мраз или „голомразица“, намалена видливост поради густа магла или врнежи, подолг пат на сопирање и нестабилност при нагли движења, како и зголемена заморливост кај возачите.

Министерството за внатрешни работи и РСБСП апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги следат информациите за временските услови на патиштата; да го прилагодат возењето според условите на патот; да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и патната сигнализација; да носат зимска опрема во возилото и да ја користат соодветно;  да направат зимска проверка на возилото; да одржуваат безбедно растојание меѓу возилата;
да избегнуваат нагло сопирање и нагло намалување или зголемување на брзината на возилото.

Со оваа кампања, како што се наведува во соопштението, МВР заедно со РСБСП  испраќаат пораката дека безбедноста на патиштата е заедничка обврска и само така може да се изгради култура на одговорно и безбедно однесување во сообраќајот.