Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Прилози

Модерна армија, гордост на сите македонски граѓани- со какви планови влегува Владо Мисајловски во министерството за одбрана?

Модерна и армија со која што ќе се гордеат сите македонски граѓани,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Модерна и армија со која што ќе се гордеат сите македонски граѓани, тоа е главната амбиција на идниот министер за одбрана Владо Мисајловски. Вели свесен е дека пред него е тешка работа, но ветува дека ќе го даде и последниот атом од своите сили, за македонската армија да заличи на вистинска НАТО армија. Пред камерата на Алфа вели за таа цел дека е потребно финансиите во сегментот одбрана да бидат доста зголемени.

-Многу важно буџетот да биде нели сериозно зголемен за да има услови за подобрување на армијата во секој еден сегмент за сите припадници се разбира и на Министерството и во армијата, но тоа е важно преку сите оние алатки што ќе ги има Министерството преку развој на одбраната, не само на одбранбен план, туку се разбира и за сите оние работи кои следуваат наредниот период, а тоа е се она што доликува како една НАТО армија да го имаат во делот на јавните набавки се разбира, модерни услови за работа, изјави Мисајловски.

Мисајловски вели ќе се врати почитта која ја заслужуваат вооружените сили.

Реклама

-Да има многу реформи во Министерство за одбрана, да има многу професионализам, не само за цивилниот, туку и за унифирмираниот кадар. Многу важно секој еден кој работи во Министерството за одбрана да знае дека ќе биде испочитуван, секој оној кој работи чесно и што ја сака Македонија навистина тоа ќе се гледа и ќе биде заслужен, со се она што следува со сите критериуми Министерството. Но важно е да видиме една модерна армија, армија што ќе биде препознаена од сите, изјави Мисајловски.

Мисајловски влегува во Министерство за кое во јавноста постојат сомнеж за спортни тендери вредни речиси 300 милиони евра. Во ек на економска криза беше договорено да се плати 66 милиони евра за систем за противвоздушна одбрана, иако и самата поранешна министерка Славјанка Петровска кажа дека не постои никаква опасност за Македонија од воздух.

Петровска која предизборно склучи скандалозен договор за набавка на хеликоптери вреден 230 милиони евра. Мисајловски вели нема да има никакво политичко одмаздување, но ќе има ревизија на сите јавни набавки и одговорност доколку се докаже некако криминал.

-Видовме каков политички прогон се правеше врз многу луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, ние не сме исти како оние од СДСМ и останатите кои беа во нивната коалиција. Ние сме многу поразлични. Секаде каде што има докази за сторен криминал, секој ќе си одговара и тука нема да има тука да нема никакви дилеми. Но, важно е да ги видиме сите активности, сите спроведени набавки, потоа нормално ако некој има нешто погрешено ќе си има постапка, изјави Мисајловски.

Мисајловски е магистер на факултетот за општествени науки на одделот дипломатија и меѓународна политика. Тој е поранешен директор Јавното претпријатие за државни патишта и министер за транспорт и врски. Во моментов е еден најблиските соработници на идниот премиер Христијан Мицкоски и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Матеја Петровски