Реклама

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Македонија

Мицкоски: Утврдени се условите за унгарскиот кредит, очекувам 800 милиони евра инвестициски циклус, тоа е 5% од БДП

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за тоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за тоа кои се условите што треба да ги исполнуваат компаниите за банкарски кредити за стопанството обезбедени од страна на Владата и како ќе се врши исплатата, изјави:

„Ја поминавме на владина седница одлука, во вторникот. Со тоа практично го овластивме Министерството за финансии да ги префрли средствата на сметка на Македонската банка за поддршка на развојот, а таа потоа да комуницира со комерцијалните банки. Таа комуникација очекувам веќе да се случи во текот на следната недела и официјално да започне овој проект. Секоја компанија ќе може да аплицира до 10 милиони евра, тоа е еден од условите. Вториот услов е да има 20 проценти сопствено учество, најмалку, минимум. Опфатени се сите оние проекти коишто ќе значат набавка, монтажа на основни средства за работа, софтвер и така натаму, производни капацитети од обновлива енергија коишто ќе произведуваат енергија од обновливи извори на енергија.“

„Понатаму, исто така се опфатени сите оние компании коишто сакааат да инвестираат во административен простор, во магацински простор и така натаму, бидејќи еден производен погон вие мора градежно да го затворите, мора тоа да го изградите. Така што очекувам најмалку 300 милиони евра инвестициски циклус. И заедно со оние 500 милиони евра коишто ги реалоцираме кон општините, ќе дојдеме до вкупна бројка од 800 милиони евра или тоа е 5 проценти од Бруто-домашниот производ, ако го проектираме на 16 милијарди евра“, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.