Реклама

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Прилози

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Дизелот поевтинува за два денари од утре и ќе се продава за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дизелот поевтинува за два денари од утре и ќе се продава за 99 денари по литар. Бензините, пак , поскапуваат за 3 и пол денари. 98-цата ќе се продава за 102, 5 денари, а новата цена на бензинот од 95 октани ќе изнесува 100,5 денари по литар. Во новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика се земени предвид сите мерки на владата за заштита на граѓаните од ценовни шокови кај нафтените деривати.

Ако Владата не ги намалеше акцизите и ДДВ-то на дизелот од 18 на 10%, тој ќе беше поскап за вкупно 11 и пол денари по литар денеска. Премиерот Мицкоски вели дека мерките даваат резултати и дека македонските граѓани заштедуваат дневно до 250 илјади евра само на дизел. Тој потенцира дека притисокот на бензинските станици околу јужните, западните и северните гранични премини е се уште голем. Во земјава се точеле и до два милиони литри горива дневно, од кои 1,5 милиони литри се дизел. Дополнително ефектот од намалените акцизи од 4 денари за дизелот и 2 денари за бензините, како и пониското ДДВ, им донеле на возачите вкупна заштеда од 4 и пол милиони евра.

„Само по основ на дизел горивото, дневната заштеда на македонските граѓани е повеќе од 250.000 евра. Или ако се земе предвид отприлика две недели и доколку се земе предвид веќе намалената царина, односно акциза за безоловниот 95 и 98 октански, тогаш доаѓаме до бројка помеѓу 4,2 и 4,5 милиони евра, тоа е директна заштеда којашто ја имаат македонските граѓани“ – рече Мицкоски.

Реклама

Одржувањето на ниски цени на бензините и дизелот има повеќекратни придобивки. Мицкоски потенцира дека индиректно, преку мерките на владата, се одржува ниска стапка на инфлација. По овој параметар, Македонија заедно со Србија стојат најдобро во регионот.

„Имаме би рекол една од најниските ставки на инфлација, многу подолу од Европската Унија. Во регионот сме меѓу најниските, само нашиот северен сосед Србија има за некоја 0,3-0,2 проценти пониска ставка на инфлација. И она коешто исто така сакам да го напоменам е дека во моментот имаме најниска цена на дизел горивото и на безоловниот 95 и 98 октански бензин и ако се спореди со цената којашто ја имаат нашите соседи, па и во Европа, тогаш разликата е помеѓу 20 и 50%“ – рече Мицкоски.

Споредено со другите држави, Македонија успеа да ги задржи цените на горивата на најниско ниво на Балканот. Македонските возачи точат поефтин дизел и бензини од Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора и Романија. Кризната состојба во снабдувањето со нафтени деривати важи до 21-ви октомври. Владата во овој период има простор за интервенција со нови мерки.