Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

🎥 Македонија со напредок во борбата против корупцијата: ГРЕКО ја затвори постапката од петтата евалуација

Македонија има напредок во борбата против корупцијата и има имплементирано 17 од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија има напредок во борбата против корупцијата и има имплементирано 17 од вкупно 23 препораки – шест од нив се делумно исполнети.  Групата држави против корупција на Советот на Европа – ГРЕКО ги нотираше мерките преземени за зајакнување на транспарентноста и промовирање на интегритетот на извршната власт, а го поздравува и формирањето на електронска база на податоци за евидентирање и проверка на анкетните листови за имотот на избраните или именуваните јавни службеници. Се очекува нацрт-измените на Законот за спречување корупција и судир на интереси, насочени кон зајакнување на режимот на санкции, да бидат усвоени до крајот на 2025 година.

ГРЕКО забележува напредок особено во законската реформа насочена кон зајакнување на оперативната независност на полицијата и нејзините механизми за внатрешен и надворешен надзор. Сепак, потребни се дополнителни напори за да се обезбедат објективни и транспарентни процени и да се зајакне заштитата на дојавувачите, стои во извештајот.

На македонските власти им се препорачува да го информираат ГРЕКО за секој понатамошен напредок во врска со целосното спроведување на преостанатите препораки.

Реклама

ГРЕКО особено очекува ажурирања за воспоставувањето на регистарот на податоци, целосната имплементација на електронската база на податоци за анкетни листови за имотна состојба на избрани и именувани функционери, подобрувања на режимот на санкции за прекршување на правилата за судир на интереси, интегритет и антикорупција, измени на процедурите за тестирање на интегритетот во рамките на полицијата, вклучително и нивната евалуација, и практичната имплементација на законодавството за заштита на дојавувачите во полициските сили, стои во извештајот.

Групата на држави против корупција (ГРЕКО) е тело на Советот на Европа што им помага на земјите-членки поефикасно да се борат против корупцијата. Целта на ГРЕКО е да се осигура дека државите ги почитуваат европските антикорупциски стандарди. Тоа го прави преку проценка на политиките, откривање слабости и давање препораки за законски и институционални реформи.