Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Лукровски: На Карпош му треба реална акција, а не козметика и бесмислен театар

Нашата цел е развојот на Карпош да биде зелен, паметен и одржлив.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нашата цел е развојот на Карпош да биде зелен, паметен и одржлив. Ќе спроведеме целосна ревизија на сите урбанистички планови, со активно вклучување на експерти и граѓани. За таа цел ќе се формира јавно претпријатие „Карпош План“, кое ќе ја води ревизијата и ќе ги спроведува урбанистичките политики на професионален, транспарентен и независен начин, вели кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Карпош, Сотир Лукровски.

Сите одлуки ќе се темелат на стручни и законски критериуми, со приоритетна заштита на зеленилото, инфраструктурата и квалитетот на животот на жителите. Инспекциските служби ќе имаат јасна задача да ги контролираат сите градби, а секој проект што не ги исполнува стандардите ќе биде стопиран.

Карпош не треба да се дави во бетон – треба да расте хармонично со природата. Со конкретни мерки, транспарентни процедури и силна граѓанска контрола ќе обезбедиме развој кој е одржлив, уреден и во вистински интерес на сите жители.

Реклама