Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Лефков: Венко Филипче кога ќе порасне сака да биде Заев, да ги преслика неговите криминали

Филипче не се откажува од Заев, а со тоа и од криминалот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче не се откажува од Заев, а со тоа и од криминалот со милионските тендери во РЕК каде подизведувачи се фирми блиски до него. Дали Филипче не се откажува од криминалот во РЕК каде преку фирмите Јавор Транс и Сим Инженеринг како подизведувачи се испумпани милиони?, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Со неоткажувањето од Заев, Филипче не се откажува од сите криминални ликови околу него, кои на грбот на народот спечалија милиони. Со неоткажувањето од Заев, Филипче не се откажува ниту од Крмзов, кој беше фатен во даночни малверзации, потенцира во изјавата Лефков.

Тој додаде дека: Филипче со тоа што не се откажува од Заев, не се откажува ниту од неговиот криминал со Глобал, за кој беше аболициран.

Реклама

Венко Филипче, неврохирургот на Заев и негов потрчко не се откажува од Заев, затоа што тој му е водич и идол. Венко Филипче кога ќе порасне сака да биде Заев. Венко Филипче е претседател на СДС со желба некогаш да има можност да ги преслика криминалите на Заев. Граѓаните таа желба нема да му ја исполнат никогаш, изјави Миле Лефков.