Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

Превозниците го губат трпението. Во пресрет на стартот на новиот систем за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Превозниците го губат трпението. Во пресрет на стартот на новиот систем за влез-излез во земјите од ЕУ стравуваат од можноста да останат извисени и да не го добијат ветеното олеснување за престој во Шенген зоната. Превозниците од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина бараат да се промени начинот на пресметување на времето поминато во Шенген оти ако остане сегашниот модел проблемите ќе бидат сериозни.

„Ние како превозници не потпишуваме никакви спогодби меѓутоа нашите државни органи потпишуваат и затоа од оваа страна како превозници даваме поддршка во секој случај да се види дека сме сложни и дека имаме еден заеднички проблем кој сакаме да го решиме и да го надминеме“, изјави Биљана Муратовска, генерален секретар на МАКАМ-ТРАНС

Ако ЕУ не се држи до ветеното, транспортерите стравуваат дека ќе се соочат со високи парични казни и можности за депортација. Ова е причината поради која многу од возачите избегнуваат патување во ЕУ а многумина се откажуваат од овој вид работа  која е клучна за економската добросостојба на регионот како и пошироко во Европа.

Реклама

„Ако на тие два состаноци добиеме позитивни одговори ние ќе бидеме среќни. Нема да има протести но, поучени од искуството од овие повеќе од 6 месеци од претходниот протест, ние не сме виделе добра волја. Не сме виделе и осетиле никакви напредоци така што за жал се плашам дека сепак ќе дојде до тоа што не сакаме“, изјави Неџо Мандиќ, претседател на Деловно здружение „Меѓународен транспорт“ на Србија

Реакциите на транспортерите се во период кога македонската Влада работи сериозно на намдинување на проблемот. Веќе има конректни резултати. Вицепремиерот Александар Николски периодов беше интензивно насочен кон решавање на предизвикот на бројните контакти со европските колеги. Веќе се договорени олеснувања од страна на Хрватска, Романија, Австрија и Швајцарија. Николоски воедно пред скоро еден месец ги повика транспортерите на трпение и најави дека Владата ќе стори се што може за да се најде решение за проблемот на македонските транспортери.