Реклама

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Прилози

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Македонија станува се попривлечна за туристите – го живее шпицот на туристичката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија станува се попривлечна за туристите – го живее шпицот на туристичката сезона, која, според досегашните податоци на Државниот завод за статистика, би можела да биде една од поуспешните во изминатите години.

На стартот од летната сезона, во јуни, државава ја посетиле над 113 илјади туристи кои оствариле речиси 222 илјади ноќевања, а податок кој особено радува е што речиси 77% биле гости од странство.

Реклама

Најмногу ги имало од Турција, 24 и пол илјади. На второ место е Србија, со 8 и пол илајди, по што следуваат гостите од Германија со над 4 илјади и од Бугарија со над 3 илјади туристи.

Од јануари до јуни, вкупниот број туристи во Македонија е намален за половина процент во споредба со истиот период минатата година, падот е резултат на намалениот број домашни гости за 3.1%, кај странските и натаму има скромен раст од 0.3%.

Летниот период, особено јули и август, останува клучен за туристичкиот сектор, а податоците од јуни покажуваат дека странските гости имаат најголем удел во посетите и ноќевањата во Македонија.

Тоа што трендот, полека но сигурно се менува, се должи и на повеќе други фактори. Пред се во делот на авиосообраќајот, каде во изминатата година се бележи бум во делот на превезенти патници, но и на бројот на реализирани летови од двата македонски аеродрома во Скопје и Охрид.

Економскиот ефект од ваквиот тренд се шири многу пошироко од хотелите и туристичките агенции. Поголемиот број гости создава поголема побарувачка за ресторани, кафулиња, транспорт, туристички водичи, занаетчиски производи и локални услуги. На тој начин туризмот може да биде директен извор на приходи за малите и семејните бизниси, но и значаен фактор за развој на локалните заедници.

Особено важен е потенцијалот за промена од сезонски кон целогодишен туризам. Македонија традиционално е препознатлива по летната туристичка сезона, но растечкиот интерес за културниот, историскиот, гастрономскиот и руралниот туризам отвора можност туристичката активност да се распределува во текот на целата година.

Токму руралниот туризам може да има дополнителен економски ефект, бидејќи овозможува туристичката потрошувачка да стигне и до средини кои немаат големи хотелски комплекси. Финансиската поддршка за инвестиции во руралните области создава услови за развој на семејни бизниси, нови туристички содржини и дополнителни работни места.