Реклама

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Македонија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Европската Унија да се вклучи во разговорите меѓу Македонија и Бугарија, да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската Унија да се вклучи во разговорите меѓу Македонија и Бугарија, да помогне во создавање услови за одржливо европско решение во кое договореното ќе биде јасно, а обврските ќе важат за сите, побарал денеска премиерот Христијан Мицкоски на средбата во Скопје со претседатеката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.

Мицкоски на заедничката прес-конфереција во Владата нагласи дека со претседателката на ЕК отворено разговарале и за предизвиците што ги имаме во односите со нашиот источен сосед.

– Нашата желба е тие прашања да се надминуваат низ дијалог, во добра волја и со взаемно почитување. Исто така, на денешната средба зборувавме, и јас тоа го напоменав, дека очекуваме да биде вклучена и ЕУ во овој процес и не бараме од Унијата да зазема страна. Бараме да помогне во создавање услови за одржливо европско решение во кое договореното ќе биде јасно, обврските ќе важат за сите, а процесот на пристапување нема повторно да биде отворен за нови билатерални условувања. Секое решение мора да создава сигурност дека со неговото исполнување се затвора една фаза и се отвора патот кон следната без простор за нови толкувања или дополнителни барања – рече Мицкоски. 

Реклама

Тој подвлече дека ако од државата се очекуваат одлуки со долгорочни последици, тогаш е оправдано да се очекува и јасна европска перспектива за она што следи. Целта, како што посочи, не е одложување на процесот, туку создавање услови тој конечно да се движи напред на стабилна и одржлива основа. 

Премиерот ја потврди стратешката определба на земјата за членство во ЕУ, посочувајќи дека земјата ги исполнува своите обврски и ги спроведува сите потребни реформи во владеењето на правото, јавната администрација, деловната клима, дигитализацијата и образованието. 

Тој денешната средба ја оцени како отворена, содржинска и насочена кон прашањата кои директно ја определуваат нашата европска иднина.

– Присуството на претседателката во регионот и континуираната нејзина посветеност на неговата европска перспектива ги цениме високо.  Денешната средба беше отворена, содржајна и насочена кон прашањата кои директно ја определуваат нашата европска иднина.  Се разбира дека разговаравме за реформите, за динамиката на пристапниот процес, но и за предизвиците кои со години го оптоваруваат нашиот пат кон Европската Унија. Нашата определба како држава е јасна и останува непроменета. Сакаме да бидеме дел од Европската Унија и посветено работиме на таа цел – нагласи Мицкоски

Тој додаде дека истовремено веруваат и дека дошло времето овој процес да добие посилна политичка поддршка од сите европски институции. 

– Нашата европска определба никогаш не била и нема да биде спорна. Она што денес го бараме е процес кој ќе биде фер и заснован на јасни правила.  Ние ги завршуваме нашите обврски и спроведуваме реформи што се очекуваат од една земја, понекогаш на време, понекогаш малку и доцниме, но сепак ги завршуваме како земја којашто сака да стане членка на Европската Унија – рече Мицкоски.

На средбата било истакнато и дека Европската комисија позитивно ги оценила спроведените реформи, што овозможува понатамошно користење на средствата од Планот за раст и забрзување на економската конвергенција со Унијата. 

Премиерот додаде дека нашиот европски пат не се сведува само на политичките прашања што го оптоваруваат процесот. Најголемиот дел од нашата работа, додаде тој, е токму тука, дома.

– Во институциите, во економијата и во подобрувањето на секојдневниот живот на граѓаните.  Продолжуваме со реформите во владеењето на правото, јавната администрација, подобрување на деловната клима, дигитализацијата и реформите во образованието. Реформската агенда во рамките на Планот за раст веќе создава конкретни резултати и сакаме оваа динамика да продолжи. Европската комисија оваа година позитивно ги оцени спроведените реформи, што овозможи натамошно користење средства од Планот за раст – нагласи Мицкоски.

Премиерот додаде дека е особено важно европската интеграција граѓаните да почнат да ја чувствуваат уште пред формалното членство преку поголем пристап до единствениот европски пазар, нови економски можности, подобра инфраструктурна поврзаност, инвестиции и повеќе можности за младите.

-Токму затоа ја гледаме постепената интеграција како важен дел од процесот и како начин европската перспектива да стане видлива и конкретна. Планот за раст е поставен токму врз оваа логика: постепено приближување кон единствениот пазар, забрзување на реформите и економска конвергенција со Унијата. Коридорот VIII е добар пример за тоа како европската интеграција изгледа кога од политичка цел се претвора во патишта, железници, трговија и поврзаност меѓу луѓето. Нашата амбиција е јасна додека разговараме за членството, дома да изградиме држава која според своите институции, стандарди и економски можности веќе функционира како европска држава – истакна премиерот.