Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Прилози

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Од само три пациенти во 2021 година, денес 126 луѓе со цистична…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од само три пациенти во 2021 година, денес 126 луѓе со цистична фиброза во Македонија добиваат современа терапија.За првпат се опфатени и деца од две до 12 години, како и пациенти со различни генетски мутации кои досега не можеле да ја примаат терапијата.Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека напредокот не е само во бројот на пациенти кои се лекуваат, туку и во квалитетот на третманот.Тој ја истакна работата на Клиниката во Козле и Детската клиника, како и соработката со стручни тимови од Берлин и Кембриџ.

„Од почетните напори за дијагностицирање и генетска дијагностика пред девет години, до првото воведување на терапијата во 2021 година со три случаи, стигнавме до 126 во 2026 година“, рече Клековски.

Пациентите со цистична фиброза велат дека се задоволни од постигнатото. Според нив, петгодишната борба за подобра терапија и поголем опфат конечно вроди со плод.

Реклама

“Конечно можеме да се пофалиме дека најважното во овие години, ете сега имавме можност да бидеме сведоци дека е постигнато..предноста е многу за разлика од претходно ова министерство по активно ја работи работата.Ова е тоа што семјествата го бараа најмногу,сега ќе се вклучат и најмалите” вели Фики Гаспар.

Голготата на пациентите со цистична фиброза во Македонија беше долгогодишна и болна битка за правото на живот и здив.Нивната сага го достигна својот емотивен и трагичен врв на почетокот на 2023 година,кога поради институционални одложувања и комплицирани бирократски процедури, еден од најгласните пациенти, Благојче Илијевски, почина без да го дочека лекот кој ќе му го спасеше животот.

Инаку, во Македонија живеат над 140 луѓе со цистична фиброза.Оваа дијагноза е наследна генетска болест која најмногу ги зафаќа белите дробови и дигестивниот систем.