Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Сулејмани до бруцошите на УМТ: Не плашете се од предизвиците, бидете истрајни, љубопитни и придонесувајте во општеството

На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска свечено беше отворена академската 2026/2027…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје денеска свечено беше отворена академската 2026/2027 година, за околу 1.000 нови студенти, кои говорниците ги охрабрија да бидат истрајни, љубопитни и активно да придонесуваат во општеството.

Заменик-министерот за образование и наука, Дритон Сулејмани им порача на студентите дека започнуваат ново животно поглавје во кое, освен професионални знаења и вештини, ќе научат и да размислуваат критички и самостојно.

-Денес не сте само студенти кои се запишуваат на факултет. Денес отворате ново поглавје во животот. Поглавје во кое ќе научите професии, ќе стекнете знаења и вештини, но пред сѐ, ќе научите да размислувате независно, да поставувате прашања, да барате одговори и да верувате во својот потенцијал – потенцира тој.

Реклама

Сулејмани ги повика младите да не се плашат од предизвиците и неуспесите, нагласувајќи дека успехот се гради преку упорност и способност повторно да се стане по падовите.

-Не се предавајте, бидејќи успехот не се гради само од победите, туку и од паѓањата и кога избираме повторно да се исправиме – рече Сулејмани.

Според него, универзитетот не треба да се гледа само како место за стекнување диплома, туку како простор каде се создаваат партнерства, идеи и иницијативи што можат да придонесат за општествени промени.

Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“, Беким Фетаји, истакна дека новите студенти стануваат дел од академска заедница која нуди бројни можности за професионален и личен развој.

-Драги студенти, овој универзитет од денес е и вашиот дом. Место каде што ќе се чувствувате добредојдени, каде што вашиот глас ќе се слушне и каде што ќе имате можност да се развивате и да одите напред – рече тој.

Ректорот ги претстави можностите што им стојат на располагање на студентите, меѓу кои универзитетската библиотека, Центарот за кариера, праксите во соработка со стопанството и меѓународните програми за размена и двојни дипломи.

Фетаји најави и нова програма за студентско менторство, преку која студентите од повисоките години ќе им помагаат на бруцошите во адаптацијата кон академскиот живот. Ректорот ги охрабри новите студенти да бидат љубопитни, активно да учествуваат во наставата и да ја искористат секоја можност за учење.

-Од оваа година, студентите од прва година ќе бидат менторирани од студентите од втора година. Бидејќи кој го знае овој пат подобро од тој што сам го поминал. Поставувајте прашања, размислувајте, изразувајте ги вашите одлуки и искористете ја секоја можност да бидете дел од наставата – порача Фетаји.

На свеченоста се обрати и амбасадорот на Албанија во земјава, Денион Меидани, кој го пофали развојот на Универзитетот и им оддаде признание на студентите како двигатели на неговиот напредок.

-Вие сте тие што му даваат живот и сила секој ден – им порача Меидани на студентите.

Цитирајќи го поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, Меидани им порача на студентите дека образованието носи и општествена одговорност.

-Дипломата ви отвора врати. Ваша одговорност е да ги држите тие врати отворени и за другите – истакна албанскиот амбасадор Меидани.