Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета во Брисел, каде ќе учествува на официјални средби организирани од Европската комисија. Министетството за транспорт соопшти дека на средбите ќе се разговара за актуелните економски и политички прашања, реализацијата на инфраструктурните проекти, Планот за раст и процесот на интеграција и проширување на Европската Унија.

-Овие два дена сум во посета на Брисел, на средби со претставници на Европската комисија, каде ќе разговараме за актуелните економски, инфраструктурни политики во државата, како и за процесот на интеграција и на проширување на Европската Унија и секако за Планот за раст каде што Македонија бележи огромни резултати, каде што Македонија е лидер во регионот. Она што е особено значајно и на што сум особено горд е дека на покана на „Пријатели на Европа“ вечерва ќе бидам дел од главната сесија на којашто ќе учествуваат околу 200 лидери од Европа. Тука се пет комесари, претставници на Европската комисија, преку 20 европратеници, премиери на држави, вицепремиери, министри, претставници на бизнис-секторот, каде што ќе зборуваме за иднината на Европа и што е она што ја определува иднината на Европа и на Европската Унија и на поширокиот европски континент- изјави Николоски.

Вицепремиерот Николоски утре ќе се обрати на Самитот посветен на транспротните коридори, каде со високи преставници на ЕУ и европските финансиски институции ќе се разговара за развојот на коридорите.

Реклама

-Утре, исто така, ќе бидам дел од транспортниот самит каде што заедно со генералниот директор на Европската инвестициска банка, Роберт де Грот, банка којашто инвестира многу во Македонија, од којашто добивме 150 милиони евра грант за изградба на железницата на Коридорот 8 кон Бугарија, ќе зборуваме за големите инфраструктурни проекти коишто ги има Македонија и тоа ќе е вовед во посетата на претседателката на Европската комисија, којашто во петок доаѓа во Скопје. Исто така, на утрешната сесија на „Пријатели на Европа“ ќе зборуваме за процесот на проширување во друштво на вицепремиерот на Украина, понатаму вицепремиерот на Молдавија, претставници од регионот, каде разговараме за процесот на проширување и за она што е потребно да се направи за процесот на проширување. Секако тука е многу важно земјите членки на Европската Унија да сфатат дека не смеат да ги блокираат земјите кандидати. Тука се надевам дека ќе има мудрост кај Бугарија и дека Бугарија ќе направи чекор напред и дека ние ќе ги почнеме преговорите за членство во Европската Унија, истакна заменик-претседателот на Владата.

Тој додаде дека овие се ретки моменти каде што се добива можност директно да се комуницира на формален и на неформален начин со оние коишто ги носат одлуките во Европската Унија и затоа, вели тој – сите ќе продолжиме да се бориме за Македонија.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: