Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

Над 100 книги донирани во рамки на Деновите на македонската литература за деца во Тирана

Со литературна вечер, креативно едукативни работилници, средби со издавачи и потпишување меморандуми…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со литературна вечер, креативно едукативни работилници, средби со издавачи и потпишување меморандуми за соработка, успешно заврши манифестацијата „Денови на македонската литература за деца 2026“ во Македонскиот културно-информативен центар (КИЦ) во Тирана, Албанија.

Настанот од 12 до 14 ноември беше организиран од ЕДУКА МАК – Скопје во соработка со КИЦ-Тирана, со поддршка на Министерството за култура и туризам, со цел афирмација на македонската литература за деца и зајакнување на културната соработка меѓу двете земји.

Во рамки на програмата, како што информираат организаторите, биле реализирани бројни програмски активности и низа содржини во чиј фокус била улогата на книгата за деца како најсилен мост на културно зближување и соработка.

Реклама

Литературната вечер во просториите на македонскиот КИЦ во Тирана ја отворила директорката проф. д-р Ема Попивода,

За сите фази од програмските активности говорела програмската уредничка на проектот Ели Маказлиева, а модератор била Верица Мукоска – лекторка по македонски јазик на Универзитетот за странски јазици во Тирана.

Пред публиката се обрати и проф. д-р Елизабета Бандиловска, која говореше за предизвиците и значењето на литературата за деца. На настанот биле претставени десет авторки и нивните најнови книги за деца, а била врачена и плакета на Весна Тодоровска за сликовницата „Грмотевицата што сакаше да стане виножито“, наградена на претходно распишан конкурс. Воедно, биле доделени признанија и благодарници за соработниците и учесниците, а на КИЦ-Тирана му биле донирани повеќе од 100 книги.

Во рамки на манифестацијата биле одржани и креативно едукативни работилници на англиски јазик за деца од предучилишна возраст, при што им биле подарени сликовници преведени од македонски на албански јазик.

Организаторите информираат дека биле реализирани и работни средби со издавачки куќи, на кои биле потпишани меморандуми за соработка насочени кон превод и промоција на книги за деца во наредниот период.

Дополнително, остварена била средба со Друштвото на Македонците во Тирана и неговата претседателка Елена Симонофски, при што бил потпишан меморандум за соработка и биле донирани книги со цел да се поддржи негувањето на македонскиот јазик кај најмладите припадници на македонската заедница во Албанија.