Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Прилози

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Мрежа од лажни портали направени со идентичен дизајн како македонските медиуми со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мрежа од лажни портали направени со идентичен дизајн како македонските медиуми со години го труела информативниот простор со цел поткопување на евроинтеграциите, институциите на државата и ширење на руска пропаганда. Агенцијата за национална безбедност спроведена обемна акција во координација со полицијата и Обвинителството, а целта на истрагата е македонски државјанин кој од претходно е под истрагата поради неговата мрежа од портали што шири пробугарска пропаганда.

Овие портали биле регистрирани во Македонија, на негово име. Претходно, истиот македонски државјанин стана осомничен за предизвикување национална, и верска омраза и за оддавање службена тајна поврзана со патувањето на сопругата на премиерот Христијан Мицкоски во Бугарија, поврзана со безбедносниот протокол. Под истрага е и за ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем.

„Во рамки на заеднички координирани активности на АНБ, МВР и ОЈО, на 18.09.2026 г. преземени се истражни дејствија кон македонски државјанин надоврзан на странски фактори кои се креатори на пропаганден апарат со мрежа на портали интегрирани и во македонскиот медиумски простор“, информираат од АНБ.

Реклама

Мрежата од онлине медиуми се криела зад клонирани портали. Напаѓачите целосно го копирале изгледот на познати македонски медиуми, за да создадат лажна доверба кај граѓаните. За обичниот читател што пребарува на телефон, сајтот изгледал идентично, а единствената разлика била во некоја мала, невидлива промена во самиот интернет домен.

Преку нив синхронизирано се ширеле дезинформации и се преобликувале наративи за актуелни настани, со цел да се поттикне етничка и национална нетрпеливост. Од АНБ потенцираат дека ова е континуитет на претходно попречени проруски хибридни активности во земјава.

„Агенцијата во рамки на своите надлежности ќе продолжи да презема активности за детектирање и спречување на субверзивно-пропагандни активности преку мрежа на портали надоврзани на регионални проруски политички структури, со кои директно се поткопуваат стратешките евроинтегративни процеси на земјава“, информираат од АНБ.

Експертите и организациите кои ги следат дезинформациите одамна посочуваат дека регионот е постојана мета на дезинформации. Вештачењето на конфискуваната компјутерска опрема треба да открие кои сè локални и регионални политички структури биле финансиски и логистички поврзани со оваа пропагандна мрежа. Засега неизвесно е дали истрагата ќе опфати и други луѓе.