Реклама

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Македонија

ЦУК спроведе комуникациско-координативна вежба „AIR COMSAREX MKD2026“ за постапување при воздухопловни несреќи

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во својство на Координативен центар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во својство на Координативен центар за потрага и спасување при воздухопловни несреќи (RCC-Skopje), денеска се одржа комуникациско-координативната вежба „AIR COMSAREX MKD2026“, со учество на сите релевантни SAR-субјекти.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али ги поздравил присутните претставници и им посакал успешно спроведување на вежбата, истакнувајќи ја важноста од ефикасна координација, брза комуникација и навремено постапување при воздухопловни несреќи.

Како што информираат од ЦУК, преку симулација на прием на итна порака за опасност (DISTRESS) од активиран 406 MHz ELT на територијата на Република Северна Македонија, се тестирале капацитетите за пренос на информации, брза процена на состојбата и координирано планирање на одговорот, согласно Оперативниот план за постапување при воздухопловни инциденти.

Реклама

Во вежбата учествувале ЦУК, Министерството за внатрешни работи, Генералштабот на Армијата, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за здравство и Итната медицинска помош, Планинската спасителна служба, Црвениот крст, Капетанијата во Охрид, М-НАВ, КИНСИВ, Агенцијата за цивилно воздухопловство, ТАВ Аеродроми и Воздухопловната федерација на Македонија.

Вежбата, како што посочуваат од ЦУК, придонела за утврдување на нивото на меѓуинституционална соработка и подготвеност, како и за согледување на можностите за унапредување на брзиот, координиран и ефикасен одговор при воздухопловни несреќи, со приоритет на спасувањето човечки животи.