Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Прилози

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Не ја идеализирајте можноста за живот надвор од земјата, туку борете се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не ја идеализирајте можноста за живот надвор од земјата, туку борете се за својата татковина и иднина, им порача премиерот на студентите на свеченото одбележување на стартот на новата академска година. Од свое лично искуство им посочи дека, и покрај годините поминати во странство, секогаш знаел дека ќе се врати во Македонија, каде ќе го формира своето семејство и ќе го продолжи животот.

„Знам дека ќе имате многу предизвици, знам дека ќе има и такви кои што ќе ве убедуваат дека тоа е невозможно, дека некаде таму, подалеку од вас, е подобро и дека таму е сè поинаку отколку тука дома. Сакам да ви дадам еден совет којшто го имам научено во мојот живот, тоа не е точно. Тоа што секој сака да ви каже и да ви го претстави на социјалните медиуми, тоа во суштина не е вистинскиот живот. Вистинскиот живот е борбата којашто ве чека, борбата за вашето семејство и борбата за вашата родена земја. Да се бориме сите заедно за нашата најубава земја на светот, Македонија“, порача премиерот Христијан Мицкоски.

Од денеска околу 1.500 бруцоши го започнуваат своето академско патување на Универзитетот „Гоце Делчев“. Новите студенти ректорот ги подучи дека студирањето, освен дипломи и знаење, треба да им донесе нови идеи со кои ќе направат промени во општеството.

Реклама

„Универзитетот не е место само каде што се добива диплома. Тоа е место каде што се поставуваат прашања, се преиспитуваат вистини и се раѓаат идеи за иднината. Од вас очекуваме не само да станете врвни професионалци, туку и луѓе кои ќе носат позитивни промени во нашето образование. Ваша задача е да бидете упорни, љубопитни и да верувате во себе и вашите професори“, истакна ректорот на УГД-Штип, проф. Дејан Мираковски.

Праксата, но и активното вклучување во проекти и студентските организации се важен дел од академскиот развој, на бруцошите им порача најдобриот студент на Факултетот за медицински науки.

„Искористете ја секоја можност што ќе ве однесе чекор далеку од амфитеатарот. Вклучете се во проекти, посетувајте конференции и семинари, истражувајте, бидете дел од студентските организации, поставувајте прашања и разговарајте со професорите“, рече Матеј Бошкоски, студент на УГД.

Во тек е уписот и на странски студенти, чиј број годинава би требало да биде околу 250. Во рамки на универзитетот функционираат 12 факултети и 3 академии.