Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Неделковски: УКЛО Битола трета година по ред има зголемен број на запишани студенти

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ трета година по ред бележи зголемен број на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ трета година по ред бележи зголемен број на запишани студенти во прва година, истакна ректорот на УКЛО, Игор Неделковски на денешниот прв академски час во Битола.

Ректорот Неделковски нагласи дека и новата генерација студенти на УКЛО ќе може да ги користи можностите за учење и патување низ Европа благодарение на членувањето на битолскиот Универзитет во Европската Алијанса на универзитети.

-Задоволни сме од годинешниот упис затоа што веќе трета година по ред имаме зголемување на бројот на запишани студенти на додипломски студии, популарните бруцоши. Новата бројка за нас е исклучително голема во ситуација кога во земјава се намалува бројот на матуранти. Се надеваме дека УКЛО ќе продолжи со оваа нагорна линија затоа што е Европски Универзитет, член на Европската Алијанса на унверзитети и апелираме до студентите да ги искористат сите можности за учење, за дружење, патување низ Европа и нивно е да го трасираат својот животен пат, посочи Неделковски.

Реклама

На првиот академски час во Битола, градоначалникот Тони Коњановски потсети дека соработката со УКЛО се остварува на повеќе полиња, вклучувајќи ја летната студентска пракса.

-Повеќегодишната соработка ја содржи и летната студентска пракса која како модел ја прифатија повеќе општини низ земјава. Овој проект е значаен за студентите, тие се запознаваат со функционирањето на локалната самоуправа. Имајќи го предвид фактот дека интересот од студентите е се поголем, ние ќе се обидеме да вклучиме што повеќе студенти практиканти во општината, истакна градоначалникот Коњановски.

Од УКЛО Битола денес информираа дека годинава статистички најголем интерес за упис на студенти бруцоши имало на Правен факултет, Факултетот за безбедност и Техничкиот факултет.