Реклама

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Економија

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Како земја на Балканот која нема излез на море, реализираме огромни инвестиции…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како земја на Балканот која нема излез на море, реализираме огромни инвестиции во развој и модернизација на двата европски коридори  8 и 10 што поминуваат низ Македонија.  Работиме на изградба на автопати на Коридор 8, исто така градиме железница на источниот дел на овој коридор. Паралелно започнавме со изградба на брза пруга на Коридорот 10, а работиме и на воведување на ИТС системи на патниот дел. Заедно со соседите работиме и на проширување на граничните премини, се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на  глобалниот настан “Денови на поврзување на Европа”  што се оддржува во Брисел.

На панелот посветен на Западен Балкан – Источен Медитеран, заменик претседателот на Владата, Николоски, го потенцира политичкото и економско значење на коридорите и инвестициите што се реализираат во Македонија.  

„На Коридорот 8 на источното крило, инвестираме во автопати и железницата. На автопатскиот дел го завршивме првиот дел, а вториот дел очекуваме да започне следната година заедно со Европската Унија и Европската инвестициска банка како водечка финансиска институција, за што благодарам за одличната соработка. Што се однесува до железницата, има три делници: ја завршивме првата делница, втората е во изградба и треба да ја завршиме до крајот на 2028 година. Минатата недела, повторно заедно со ЕИБ, ја започнавме постапката за набавка за избор на изведувач за изградба на третата делница- најтешката фаза од железничкиот коридор. Таа е со должина од само 23,1 километар, но 75% од неа се објекти — над 20 тунели и 56 мостови, што покажува колку е тежок проектот. Таа минува зад еден пограничен град и влегува во заедничкиот тунел што ќе го градиме заедно со Бугарија. Ова е една од ретките позитивни вести што ги имаме во моментов со Бугарија — минатиот ноември потпишавме заеднички меѓувладин договор за изградба на овој прекуграничен тунел кој треба да го отвори целиот Коридор 8. Доколку сè оди по планот, за 5 години од изборот на изведувач до 2031-2032 година треба да имаме целосна железничка врска меѓу Скопје, Софија, Бургас, Варна и Одеса.  

Реклама

На западната страна работиме со ЕУ и партнерите за реконструкција на постојната железница и изградба на делот што нè поврзува со Албанија. Албанија исто така прави одлична работа и инвестира многу и во автопати и во железницата. Со тимска работа, со истата цел можеме да ја постигнеме до 2031-2032 година за целосна автопатска и железничка врска со Албанија, што значи дека наскоро ќе можеме да патуваме со автомобил или воз од пристаништето Драч до Бургас и Варна преку Скопје”- истакна Николоски.   

Тој пред присутните потенцира дека на железничкиот коридор 10 се работи на проектот за изградба на двоколосечна брза пруга за патнички возови од 160 до 200 км на час и за карго возови до 120 км на час. Додаде дека  се работи и на проширување на граничните премини и воведување на Интелегентни транспортни системи. 

“ Целосно ја менуваме сликата и на граничните премини со воведување зелени ленти и проширување на прекуграничните врски и со Албанија и со Бугарија. На Коридорот 10 работиме на првиот целосно дигитален автопат со воведување Интелигентен транспортен систем (ИТС) во соработка со ВБИФ. Пред три недели заедно со колегите од Косово започнавме нова автопатска врска -дел од Коридорот 6 од Скопје преку Приштина кон Драч и пристаништето Бар во Црна Гора, која очекувам да биде изградена за три години. Денес директорите на железничките компании од двете земји се состануваат во Приштина за заедничка железничка врска, а следната година би можеле да имаме меѓуградски воз Приштина-Скопје кој ќе патува 50 минути”- додаде Николоски.

Истакна дека набавени се нови 150 електрични автобуси, а во тек е постапка за набавка и за 5 електрични локомотиви и 5 до 7 патнички возови. Го најави започнувањето на изградба на новиот автопат Букојчани -Кичево што ќе се започне за десетина дена.