Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

Се бара нов сопственик на Алта банка – првата аукција на 30 ноември

Во насока на изнаоѓање нов сопственик и создавање услови за натамошно стабилно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во насока на изнаоѓање нов сопственик и создавање услови за натамошно стабилно работење на Алта банка АД Битола, Народната банка ја објави постапката за продажба на доминантниот акционерски пакет во банката. Станува збор за 372.742 обични акции, односно 95,336 проценти од вкупниот број акции, во сопственост на Алта банка АД Белград – во стечај.

Како што соопшти Народната банка, продажбата ќе се спроведе преку Македонската берза на хартии од вредност по моделот „сè или ништо“, што значи дека се продава целиот понуден акционерски пакет, без можност за купување само дел од акциите.

Првата јавна берзанска аукција е закажана за 30 ноември 2026 година. Почетната цена е утврдена врз основа на тековната берзанска цена и изнесува 3.777 денари од акција.

Реклама

– Доколку акциите не бидат продадени на првата аукција, следните аукции ќе се одржуваат последователно, на 1, 2, 3, 4 и на 7 декември 2026 година. На секоја наредна аукција почетната цена ќе биде намалена за 10 отсто во однос на почетната цена на претходната аукција – велат од Народната банка.

Заинтересираните инвеститори треба најдоцна до 19 ноември 2026 година да достават барање до Народната банка за добивање претходна согласност за стекнување квалификувано учество во банката, како и писмена изјава дека ќе ги уплатат средствата потребни за купување на акциите. На аукциите ќе може да учествуваат лицата што ги исполнуваат законските услови.

Од Народната банка додаваат дека постапката е дел од активностите насочени кон обезбедување нов сопственик на банката, создавање услови за нејзино натамошно работење и зачувување на интересите на штедачите и другите клиенти.