Дрога била пронајдена при претреси во Неготино, две лица биле лишени од слобода, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР информираат дека во текот на вчерашниот ден во градот, полициски службеници од ОВР – Неготино ги лишиле од слобода Д.Д., 45-годишно лице од неготинско село и Б.М., на возраст од 26 години од овој град.
– По издадени судски наредби од Основен суд – Кавадарци, биле извршени претреси во нивните домови и помошни простории, при што во домот на Д.Д. била пронајдена и одземена марихуана, а во домот на Б.М. биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, пари и ризли. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава – додадоа од МВР.

