Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

Црвениот крст на град Скопје ќе ја одбележи Неделата на грижа за старите лица

Црвениот крст на град Скопје ќе ја одбележи Неделата на грижа за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Црвениот крст на град Скопје ќе ја одбележи Неделата на грижа за старите лица преку реализација на хуманитарни, здравствено-превентивни, едукативни и рекреативни активности наменети за повозрасните граѓани.

Како што соопштува Црвениот крст, активностите ќе се реализираат во рамки на социјалната услуга „Центар за дневен престој за стари лица за активно стареење и Центар за давање помош во домашни услови“, со цел поттикнување на активното и здраво стареење и поголема социјална вклученост на старите лица.

Во текот на неделата ќе бидат организирани здравствени пунктови за мерење крвен притисок и шеќер во крвта на повеќе локации во Скопје, офталмолошки и ЕКГ-прегледи, физиотерапевтски и фризерски услуги, како и посета на Домот за стари лица „Светла Надеж“, театарска претстава и рекреативна прошетка во Крушево.

Реклама

Предвидени се и музичко-забавна програма во дневниот престој за стари лица, заедничка подготовка на зимница со ученици од ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“, како и хуманитарен базар во Старата скопска чаршија.

Од Црвениот крст посочуваат дека социјалната услуга се реализира со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади и Град Скопје, а на месечно ниво опфаќа повеќе од 1.500 корисници во дневните центри за стари лица.

Целта на програмата е развој и унапредување на вон-институционалните форми на грижа и поддршка, намалување на осаменоста и поттикнување на активното учество на старите лица во заедницата.