Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

Во МАНУ почнуваат III Мисиркови денови посветени на 100-годишнината од смртта на Крсте Мисирков

– Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) почнува манифестацијата III…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) почнува манифестацијата III Мисиркови денови, посветена на 100-годишнината од смртта на Крсте Мисирков, во чии рамки ќе се одржи и меѓународната научна конференција „Славистиката и македонистиката – историски и современ дискурс“.

Дводневната манифестација, што ќе трае до утре, ја организира Институтот за национална историја во соработка со Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, Институтот за македонска литература и Институтот за старословенска култура.

Програмата ќе почне со положување цвеќе на споменикот на Крсте Мисирков во паркот кај МАНУ по што ќе следува свечено отворање, на кое ќе се обратат координаторите на манифестацијата Билјана Ристовска-Јосифовска и Лилјана Гушевска, како и директорите на институциите коорганизатори, претставници на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, Министерството за образование и МАНУ.

Реклама

Во рамките на манифестацијата ќе се одржи меѓународната научна конференција „Славистиката и македонистиката – историски и современ дискурс“, на која е најавено учество на повеќе од 40 научници од земјата и од странство, меѓу кои од Унгарија, Украина, Србија, Франција и Русија.

Целта на собирот е научно преиспитување на делото на Крсте Мисирков и неговото значење за развојот на македонистиката и славистиката, како и отворање дискусија за современите предизвици и перспективи во овие научни области.

На 17 ноември, по завршувањето на работниот дел од конференцијата, ќе бидат промовирани и две книги посветени на делото на Мисирков – „Опкружението на Мисирков“ од Димитар Пандев и „Социолошкиот дискурс на Крсте Петков Мисирков: За македонскиот идентитет и за нацијата“ од Ганка Цветанова.

Манифестацијата ќе биде заокружена со изложба на избрани научни публикации на институциите коорганизатори, посветени на македонскиот јазик, историјата, литературата и културното наследство.