Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

Промоција на 12. број на научното списание „Ars Academica“ посветен на уметноста и новите технологии

Факултетот за драмски уметности и Факултетот за музичка уметност во Скопје ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Факултетот за драмски уметности и Факултетот за музичка уметност во Скопје ќе го промовираат дванаесеттиот број на меѓународното научно списание за изведувачки уметности „Ars Academica“, посветен на современите трансформации на уметничкото творештво и влијанието на новите технологии врз уметноста.

Промоцијата ќе се одржи на Факултетот за драмски уметности, а со настанот ќе бидат одбележани и 11 години од континуираното излегување на списанието, кое претставува заеднички проект на двата факултета.

Новиот број е фокусиран на мултимедиумските практики, дигиталните технологии и вештачката интелигенција, а преку повеќе научни трудови се анализираат промените во уметничките форми, творечките процеси и сфаќањата за авторството во современиот културен контекст.

Реклама

Во изданието се застапени трудови од авторите Марија Апчевска Петровска, Мимоза Куршумлија, Ѓорче Ставрески, Никола Настоски, Милчо Узунов, Илија Циривири, Ангел Спироски и Биљана Тануровска-Ќулавковски.

Текстовите се поделени во две тематски целини. Првата е посветена на мултимедиумските преплетувања и естетските постапки во филмската и театарската уметност, додека втората ги истражува влијанијата на новите технологии и вештачката интелигенција врз современите уметнички практики.

Списанието „Ars Academica“ е основано по иницијатива на проф. д-р Ана Стојаноска и проф. д-р Соња Здравкова-Џепароска, со цел поттикнување на интердисциплинарен пристап во истражувањето на изведувачките уметности и афирмација на македонската научна мисла во меѓународен контекст.

Организаторите посочуваат дека новина во дванаесеттиот број е неговото печатено издание, покрај досегашната електронска форма, а објавените трудови поминуваат низ рецензентска постапка од домашни и меѓународни експерти.