Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Македонските граѓани во иднина ќе патуваат со возови кои ќе достигнуваат брзина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските граѓани во иднина ќе патуваат со возови кои ќе достигнуваат брзина до 200 километри на час, но и по модерни автопати опремени со интелигентни транспортни системи. Македонија ги интензивира инфраструктурните инвестиции во железницата и патната мрежа, со цел побрзо и подобро поврзување со соседите и европските центри. Министерот за транспорт и врски Александар Николоски во Брисел ја претстави стратегијата за развој и модернизација на транспортната инфраструктура. Првата железничка делница на Коридорот 8 е завршена, втората е во изградба и треба да биде готова до крајот на 2028 година, а започната е и постапката за избор на изведувач за третата, која е и најтешката делница кон Бугарија.

„Минатата недела, повторно заедно со ЕИБ, ја започнавме постапката за набавка за избор на изведувач за изградба на третата делница – најтешката фаза од железничкиот коридор. Таа е со должина од само 23,1 километар, но 75 проценти од неа се објекти – над 20 тунели и 56 мостови, што покажува колку е тежок проектот. Таа минува зад еден пограничен град и влегува во заедничкиот тунел што ќе го градиме заедно со Бугарија“, изјави Александар Николоски – министер за транспорт и врски.

Паралелно се работи и на железничкиот Коридор 10, каде што се планира изградба на двоколосечна брза пруга за патнички возови со брзина од 160 до 200 километри на час, а за товарните возови до 120 километри на час. Побрзо и поефикасно треба да се одвива и патувањето преку граничните премини.

Реклама

„Целосно ја менуваме сликата и на граничните премини со воведување зелени ленти и проширување на прекуграничните врски и со Албанија и со Бугарија. На Коридорот 10 работиме на првиот целосно дигитален автопат со воведување Интелигентен транспортен систем (ИТС) во соработка со ВБИФ. Пред три недели, заедно со колегите од Косово, започнавме нова автопатска врска – дел од Коридорот 6 од Скопје преку Приштина кон Драч и пристаништето Бар во Црна Гора, која очекувам да биде изградена за три години. Денес директорите на железничките компании од двете земји се состануваат во Приштина за заедничка железничка врска, а следната година би можеле да имаме меѓуградски воз Приштина-Скопје, кој ќе патува 50 минути“, изјави Александар Николоски – министер за транспорт и врски.

Во меѓувреме, се очекува набавката на 150 нови електрични автобуси, а во тек е постапка за пристигнување на пет електрични локомотиви и од пет до седум патнички возови. За десетина дена треба да започне и изградбата на автопатот Букојчани-Кичево.