Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Прилози

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

Седумнаесет лица се уапсени, а запленети се повеќе луксузни автомобили, голема сума…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Седумнаесет лица се уапсени, а запленети се повеќе луксузни автомобили, голема сума пари, девизи и денари, како и одредена количина дрога. Ова се првичните неофицијални информации за исходот од денешната голема полициска акција, која МВР и ОЈОГОКК уште од раните утрински часови ја спроведоа во Скопје, Струга и Прилеп. Во Прилеп беа извршени претреси на околу 30 локации во градот и на поширокото подрачје. Операцијата е координирана и е дел од поширока истрага насочена кон сомнителна организирана криминална група, во која, според првичните неофицијални информации, можно е да биле вклучени и лица од полициските структури, кои, исто така, се под лупа на истрагата.

По ова, во градот веќе на големо се шпекулира за тоа кои можат да бидат осомничените приведени лица, зашто, како што велат прилепчани зад камерите, во Прилеп е јавна тајна кој сè се занимава со овој вид „бизнис“. Согласно со тоа, а и бидејќи акцијата сè уште е во тек, официјалните информации кои треба да следат од надлежните институции што ја водат истрагата ќе покажат дали станува збор за една од поголемите полициски операции во Прилеп во последниве години, поврзана со оваа сериозна проблематика.