Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Прилози

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Од 500 до 800 денари за грам марихуана, од 4 до 6…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од 500 до 800 денари за грам марихуана, од 4 до 6 илјади денари за грам кокаин – грам по грам собрале пари за куќи и станови, луксузни коли и тоа не какви било туку „Ленд Ровер“, „Масерати“. Дрогата се набавувала од продавачи од Струга, Дебар, Гостивар па дури и од Албанија и се чувала на добро сокриени локации, па потоа се организирала препродажба на македонскиот црн пазар, а купувачи имало од Прилеп, Битола, Кавадарци, Неготино, Велес и Скопје. 21 член брои злосторничката група која ја разби полицијата во Прилеп. Мрежата била формирана од првите двајца осомничени прилепчани за дилање дрога и шверц на оружје, кои дел од парите им ги давале на продавачите од групата, а со другите пари купувале движен и недвижен имот, дел вчера запленет од полицијата.  

  • „Извршени се претреси кај 31 лице, на вкупно 36 локации, од кои 33 на подрачје на Прилеп, две на подрачје на Скопје и една на подрачје на Струга. Притоа, од слобода се лишени 20 лица, а при извршените претреси се пронајдени и одземени тревкаста материја, бела прашкаста материја, грутчеста материја, гасен пиштол, муниција од различен калибар, поголема сума на девизни и денарски парични средства, патнички возила, мотоцикли, мобилни телефони, метална дробилка, метален детектор, ваги и др..“ велат од МВР.

Челниците во групата веќе имаат дебело полициско досие но не само во Македонија. Додека првите двајца осомничени биле ангажирани за мрежата кај нас, троосомничениот лани бил фатен и уапсен во Франција со 10 килограми кокаин кој многу веројатно требало да заврши во домашната нелегална трговија.  

Организаторите, со намера да ги прикријат огрмните суми на пари, ги внесувале во легалниот платен промет, а докази се обезбедиле за речиси 65 илјади евра кои биле пуштени во отпек.  

Реклама

Според министерот за внатрешни работи, дел од осомничените се поврзуваат со тешки кражби на Халкидики во Грција, додека пак други со криминални дејствија во Шпанија.

  •  „Навистина станува збор за една сериозна организирана криминална група којашто, пак ќе повторам, многу години роварела не само во Македонија туку и во земји членки на Европската Унија и со една опсежна акција под координација на Јавното обвинителство, повеќе од година дена, пак ќе повторам, е работена оваа организирана криминална група“, рече Тошковски.

Од нелегално стекнатите пари, имоти не се купувале само во Македонија туку и  во Србија.

Полицијата ги товари за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и перење пари.