Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

ОЈО отвори предмет за загадување кај Рашче, Ѓорѓиевски: Депонијата е на 30 километри од Рашче, не е во надлежност на Градот

Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи и дека изворот Рашче е под постојан 24-часовен надзор,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи и дека изворот Рашче е под постојан 24-часовен надзор, со видеонадзор и физичко обезбедување. Депонијата за која наводно се крена паника дека предизвикува енормно загадување во заштитеното подрачје на изворот не се наоѓа на територијата на Градот, потенцираше Ѓорѓиевски, туку на околу 30 километри од Рашче.

Скопското Основно јавно обвинителство, пак, оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите околу евентуалното загадување на природата со отпад во близина на изворите.

Како што наведуваат од Обвинителството, надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби, со цел да се утврди потеклото на депонијата, како и евентуалните последици врз животната средина.

Реклама

Водовод и канализација, пак, потврдија дека водата од 42 примероци од различни делови на главниот град, меѓу кои и потегот Нерези–Лепенец, е чиста и безбедна.