Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Се чисти депонијата во Радуша, Ѓорѓиевски: „Водата во Скопје е безбедна за пиење“

Депонијата во Радуша денеска се чисти во голема и координирана акција, информира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Депонијата во Радуша денеска се чисти во голема и координирана акција, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Од локацијата се отстранува површинскиот отпад, по тврдењата и реакциите во јавноста поврзани со наводна опасност за водата од изворот „Рашче“.

Ѓорѓиевски посочува дека депонијата се наоѓа на неколку десетици километри од заштитената зона на изворот „Рашче“ и, според него, не претставува основа за тврдењата дека е загрозена водата.

„Кога станува збор за здравјето, сигурноста и спокојството на граѓаните, за нас нема туѓа надлежност“, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека иако чистењето не е обврска на Град Скопје, градските служби се на терен.

Реклама

Градоначалникот повторно уверува дека водата во Скопје е безбедна за пиење, а секојдневно се вршат детални анализи во лабораторијата на ЈП „Водовод и канализација“.

„Резултатите се јасни и нема простор за паника, шпекулации или ширење страв меѓу граѓаните“, вели Ѓорѓиевски.

Во објавата тој информира и дека лицата кои во текот на вчерашниот и денешниот ден предизвикале вознемиреност и паника меѓу скопјани веќе разговараат со надлежните органи.

Видеото може да го погледнете на следниот линк:

https://www.facebook.com/reel/1063070669986938