Реклама

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Прилози

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Објектот каде што функционираше дискотеката „Пулс“ никогаш не добил дозвола за угостителска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Објектот каде што функционираше дискотеката „Пулс“ никогаш не добил дозвола за угостителска дејност и цела деценија работел спротивно на сите закони и урбанистички планови. На денешното судење, вештакот Душица Трпчевска Ангелковиќ рече дека инвеститорот свесно извршил нелегална пренамена на просторот од индустриски во ноќен клуб, наместо да ги следи законските процедури. Како што појасни вештакот, од намената на објектот зависат сите параметри. Површина, височина, катност, позиција, пристап и паркирање. Овие параметри се директно поврзани со функционалните и безбедносни барања кои градбата мора да ги задоволи.

Вештакот потенцираше дека сопственикот имал легален пат да побара промена на планот и да ги исполни минимално техничките услови за угостителски објект. Наместо тоа, тој свесно избрал да работи на диво, појаснува вештакот.

Конкретно објектот во која била сместена дискотеката или кабаре „Пулс“ е составена од две згради, од кои зграда 1 е изградена 1998 врз издадено одобрение за градба на деловно производен продажен објект. Зграда 2 е изградена без одобрение за градење и во 2011 година е легализирана со намена за лесна и незагадувачка индустрија. Во 2012 година објектот се употребувал согласно намената од ДУП. Од 2012 година инвеститорот почнува дел од објектот да го користи  за намена дискотека/кабаре што е спротивно на ДУП и законската легислатива за урбанистичко планирање и градење, вели Душица Трпчевска Ангелковиќ, градежен вештак.

Реклама

Одговорност има и кај општинските инспекции. Сослушаните вештаци, вклучително и денешниот се децидни. Градежната инспекција имала целосна надлежност да излезе на терен и да го затвори објектот или да го врати во првобитна состојба, иако клубот имал лиценца за работа.

На претходните рочишта сведочеа вештаци од Градежниот факултет. Тие констатирале дека од противпожарна заштита во објектот не биле преземени никакви мерки. Немало ниту еден прописен излез за евакуација. Капацитетот на објектот бил за околу 300 луѓе, а кобната вечер биле присутни над 600-тини.

Со сведочењето на градежните вештаци, Обвинителството завршува со изведување на своите докази.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025-та  за време на настап на групата ДНК, загинаа 63 луѓе, а над 200 беа повредени. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.