Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Велковски: Кога ги слушаме младите создаваме подобри политики, кога вложуваме во нив, вложуваме во иднината на целото општество

Младите не треба да ги гледаме само како иднина на нашето општество.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Младите не треба да ги гледаме само како иднина на нашето општество. Тие се негов важен дел денес. Секоја идеја на млад човек заслужува да биде слушната, поддржана и реализирана, порача вечерва министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски по повод 12 Август – Меѓународниот ден на младите. 

– Овој ден не е само повод за честитки, туку можност да го истакнеме значењето на младите и да потврдиме дека нивниот глас, нивните идеи и нивното учество се од суштинско значење за развојот на нашата држава. Младите не треба да ги гледаме само како иднина на нашето општество. Тие се негов важен дел денес, изјави Велковски на доделувањето на наградите за младинско учество.

Задачата на институциите, како што посочи министерот за социјална политика, е да им се обезбеди на младите доволно простор, доверба и можност да ги изразат својот потенцијал. 

Реклама

– Кога ги слушаме младите создаваме подобри политики, кога ги вклучуваме во процесот на одлучување, носиме поквалитетни одлуки, а кога вложуваме во нив, вложуваме во иднината на целото општество, нагласи министерот Велковски. 

Наградите што вечерва се доделени, според министерот, се признание за младинскиот активизам и за младите кои не чекаат некој друг да ги реши проблемите, туку тие самите преземаат иницијативи, организираат активности и помагаат. 

Во категоријата „Младински организации, организации за млади и чадор младински организации“ наградата ја доби Здружението „Млади од семејна разновидност“. Министерот Велковски, кој ја додели токму оваа награда, рече дека е особено горд што оваа награда ја добива ова здружение кое работи со млади лица кои доаѓаат од различни семејни средини – еднородителски и згрижувачки семејства, деца без родителска грижа и други гформи на семејна разновисност.

Наградата во категоријата „Неформални групи на млади“ ја доби „Зелени пионери“ од Битола, а наградата во категоријата „Млади и безбедност“ ја доби Андреј Рајатоски. 

За првпат годинава е доделена и наградата за партнери на младите во категорија „Службеник за млади“, награда што ја доби Владимир Смилевски.