Реклама

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Прилози

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Финансиски предизвици, брзо темпо на живеење, недоволна комуникација – ова се главните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Финансиски предизвици, брзо темпо на живеење, недоволна комуникација – ова се главните причини за зголемениот број на разводи во Македонија. Само лани  имало 2.185 разводи што е за 8 проценти повеќе од 2024 година.„Не се чувствувам сакано“ е една од главните реченици кои ги слушаат брачните советници. Партнерите најчесто немаат емоционална блискост, комуникација и разбирање, но сепак стручните лица велат дека најважно е и двајцата да вложат напори за да се сочува еден брак. Препорачуваат да комуницираат секојдневно и доколку има потреба да побараат стручна помош.

„Би им препорачала да комуницираат секојдневно и да комуницираат за денот и што чувствуваат, би им препорачала да побараат стручна помош доколку не можат сами да го решат проблемот, на младите да не избрзуваат со одлуките. Да внимаваат бидејќи социјалните мрежи влијаат и носат нереални стандарди и партнерски очекувања.“ вели семејниот советник Маја Георгиевска Павловска.

Браковите не се распаѓаат преку ноќ, разводот не е резултат на еден инцидент. Напротив на тоа претходи емоционален процес и разни дисфункции кои траат извесен период. Според социолозите порастот на разводи и намалениот процент на склучени бракови не се должи на недостаток на љубов помеѓу партерите, туку на недостаток на комуникација и разидување во потребите и желбите.

„Најголемо влијание има потребата да биде трансформиран начинот на кој го градиме бракот, браковите да не се градат само како економска неопходност и да можеме заедно да гледаме деца, туку во денешно време баш браковите можеме од позиција на слободен избор, но и ќе траат денешните бракови се додека се почитувани достоинството и на мажите и на жените.“– вели социологот Дороти Пачкова.

Реклама

Инаку, во текот на 2025 година склучени се 10.507 бракови, што претставува намалување од 5,1 процент во споредба со претходната година. Според податоците на Државниот завод за статистика, најчесто жените го склучуваат првиот брак на околу 27 години, а мажите на 30 годишна возраст. Бројките покажуваат дека во истиот период лани имало 2.185 разводи, или 8 проценти повеќе од минатата година. Најмногу разводи има кај лицата од 35 до 39 години и по 5 до 9 години брак.